Сакам нане, мајчина душица, камилица, планински чај - значи исклучиво набрани, не во кесички. Мирисот и вкусот е неспоредлив со оние во кесичка. Потоа често пијам зелен чај, брусница од Виталиа со плодови, шумско овошје.
Обожам. Дневно си пијам по неколку шољи. Не ставам шеќер , само лимон и ми е одличен. Не правам разлика дали овошен или лековит. Обично другарки кога ќе ми дојдат пиеме јаболка и цимет , а во последно време Кирколината си ја пијам и не се осеќјам надуено.
Многу ретко пијам чај. И кога пијам, пијам од потреба, а не од што сакам да пијам. Најчесто пијам чај од кантарион затоа што е против стрес и депресија, а мене баш таков ми треба.
Како помала моите ме тераа да пијам чај дури кога не бев болна. После извесно чајот ми се одмили. Ретко го пијам. Само кога сум болна. Ги сакам овошните чаеви. Највкусен ми е чајот од шумско овошје.
Пијам чаеви. Почнав поради тоа што бев на тежок режим на исхрана , но ми влегоа ,,под кожа,, и сега си продолжив со ист интензитет. Во денот пијам по 3-4 чаја, секогаш различен вкус.
Практикуваме да не купуваме чај во филтер, иако многу ми се допаѓа чајот од аронија во Стокомак што го има, не знам фирма. Мајка ми суши кантарион, босилок, лист од дуња и оној дел што е во оревот измеѓу јатките го користиме за чај. Омилен ми е од босилок, веќе некое време пијам по литар на ден, без шеќер. Велат дека е добар за бубрезите, не знам ама знам дека добивам често пофалби за лицето дека ми изгледа многу пофино и почисто.
Се трудам да пијам чај од мајчина душица ( мојот омилен) секој ден. Докажано е дека луѓето што секој ден пијат ваков чај се чувстуваат посреќно