Можеби е грд на вкус чајот од магдонос, но е одличен диуретик, спласнува отоци, симнува крвен притисок. Во "La Soy" "La Cha" има рефус разно разни чаеви. Во "VERO" Џамбо и на Бул Св Климент Охридски мислам дека се наоѓа продавницата кај поранешен "King Burger". Има и чаеви рефус и шољички и чајници. Мене најмногу ми се допаѓа Турскиот чај (што го служат во чајџилници) или уште го нарекуваат Цејлонски чај. Но, не повеќе од две шољи дневно.
луѓенцА, разликата помеџу зелениот и црниот чај што им е? кога и кој смее да ги употребува, што им е улогата?
Нема некоја разлика помеѓу овие чаеви, бидејќи и двата се од истото растение, различни се по боја и вкус поради различниот начин на процесирање после берба. Кофеинот кај зелениот варира од 24 до 40 мг, а кај црниот од 14 до 61, така да, добра замена се за кафе. Воглавно, најмногу бенефиции од овие чаеви се добива од високото количество на антиоксиданти, кои се добри за превенција на рак и други болести, како и зајакнување на имунитет. Може да се пијат 2 до 3 шолји на ден.
Чај на времево некои навистина велат нема шанси али јас па си најдов начин го ладам и го правам ладен чај Еднаш ме болеше глава мислев дека ке ми се распрска како лубеница. Сварив чај од брусница и ѓумбир за 10 мин ми ја смири главоболката. Многу го сакам чаот од камилица,нане и мајчина душица.
Пијам многу чаеви , скоро секоа ден . Си правам зелен со ѓумбир, брусница со цимет , нане, камилица , маточина ,коприва а сега почнав да си зимам од набрани гранки пак ги сушам и после си ги собирам и оп готов природен домашен чај ..
Чаеви ич немам навика да пиjaм. Освен кога сум настината или ми е ладно. И што ми се наjде по дома тоа. Еднаш имам пробано чаj од ванила и чаj од портокал има ли тука во Скопjeво таков? Немам начекано, па ни разгледано.
Lipton- English breakfast tea Франк-јагода и ванила, јаболко и цимет, кајсија Good nature-брусница, шипка (не филтер) Домашни сушени- мајчина душичка, нане, липа, невен.
двата ги купив од Веро, едниот е од натурвита тој со ѓумбир, а тој со портокал не можам да се сетам на фирмата опаковката е зелена.
Не сакам овошни бидејќи најчесто тие се 90% хибискус, некој ситен процент јаболко и најситен процент "овошјето" што демек е чајот. Со исклучок на овие 2 кои се превкусни: Периодов ми е омилен зелениот Sencha на Lipton: Има некоја многу специфична арома, но не пишува што е и не можам да најдам никаде информации. Го обожавам и класичниот црн чај на Lipton: А понекогаш кога ми се пие појак, го пијам english breakfast на Lipton: Последниов го имам уште од зимоска, ептен ретко го пијам, многу е јак. Пијам и други билни чаеви, најчесто мајчина душица или маточина. Понекогаш нане, понекогаш камилица.