Има во Рамстор и Веро, чајот е на Lipton. Не се сеќавам дали беше во филтер-ќесички или не, ама би требало да ги има двете варијанти.
Има? Јас барав, немаше ни во Веро, ни во Рамстор. Имаше со шумско и со сино овошје, ама не и ерл греј Во филтер ќесички и без ќесички, во двете варијанти, имаше само обичен црн и премиум црн.
Имам гледано во Рамстор, а последниов пат како да видов и во Веро. Не пијам таков, па не се ни задржувам кај Липтон чаевите. Инаку има ерл греј и од еден турски бренд, само во Рамстор маркетите. Не ми текнува на брендот или името, само знам дека е во огромни кутии со жолто. Мислам дека беше обичен, сушен, без филтер ќесички.
Ама не е ерл греј Мишела, обичен црн е. Знам за кој мислиш. Ни од Липтон нема ерл греј кај нас, барем јас немам видено. Плус, колку што знам, Липтон нема ерл греј што не е во вреќички...
Липтон има, имаме купувано баш ерл греј. Носеа во Рамстор во Сити Мол, за другите не знам. Не го пијам и немам поим каков бил - рефус или филтер, ама многу убаво памтам дека беше Липтон ерл греј а не црн или било каков друг.
За во ќесички знам дека има, за без филтер нема Само што јас се убив од барање ерл греј последниот пат и не најдов можеби моментално немале, можеби не носат веќе. Плус сите липтон чаеви им беа пред крај со рокот на траење
Не сум фан на Lipton воопшто. Вода со мирис на што и да е, такви ми се сите чаеви. За тие пари, подобро 100гр чај од ЛаСој, барем знаеш што пиеш. Кај нив има од овој чај патем, рефус.
Знам, и јас не ги сакам Липтон А знам дека го има и од ЛаСој, ама мене за на работа ми е, кој ќе се матка со филтри Плус сега си правам домашен зачинет црн чај, со малку млеко и еден куп лед, полнам термос и уживам А имаше еден ерл греј, и тоа не беш скап воопшто, само не сум го сретнала одамна, а не се сеќавам ни чиј беше. Исчезна тој ако имате предлок за појак кофеински чај, да здрма малку, пишете. За замена за кафе ми е.
За желудникот не ми се препорачани чаеви со поголемо ниво на кофеин, како црн и зелен, а препорачано ми е да пијам комбуха, која се припрема со зелен чај. Муабетот ми беше има некаква поинаква припрема на комбухата или од аспект на желудочни тегоби, не е важно шо има припрема со зелен чај на комбухата зошто таа "надохнадва"?
Малку е јак, во смисол има јак мирис и вкус, ама мене ми е убав. Го има и во Зегин, од таму го купив.
Има, од Good Nature. Само не сум сигурна дали го има по маркетите, во аптеки и во Билна аптека секако го има. Филтер ќесички е.
Кај ги има? По аптеки или низ маркетиве да барам ? Слушнав дека тој за добра ноќ е добар,те опушта,полесно се заспивало
@Kate Rina 93 Ние од маркет ги имавме земено пред година и нешто, со шоља мислам идеа и еве ги уште ни стојат, не се уште искористени. Тој за добро утро многу убаво мириса (ама само арома на ванила има) океј е, ама ми смета малку ѓумбирот. Тој за добра ноќ ми е малку поубав, ама мене ништо не ме заспива ако не ми се спие, така да за тој дел не можам да ти кажам.