Како се викаше штандот во Веро за чаеви? И дали некои од тие штандови имаа онлајн страна за нарачка? Се сеќавам дека имаше една страна ама не знам како да ја најдам сега.
Претходната зима и оваа есен имам испиено чај колку што немам претходно во мои 28години. Пред тоа пиев само од нане, сега и од шумско овошје, брусница, шипки... Најубав ми е на вакво време, мерачки со книга или додека пишувајќи завршувам некои обврски
Мене ми е главен напиток во зима. Обично додека работам секогаш имам термос со чај до мене. Кафе не преферирам, па чај конзумирам дневно. Камилица ми е омилен. Во комбинација со мед нема поубаво нешто. Липа, од Шип и овошни исто така. Планински, домашен. Избегнувам нане и зелени чаеви. Ти препорачувам следно да пробаш од Боровинка и Аронија, пошто гледам дека ти се допаѓаат овошните чаеви. Има и јаболко со цимет од Good Nature, ама јас не сум љубител на цимет, и не го преферирам.
Следни ќе ми бидат за пробување, фала ти, се надевам ќе ми се допаднат Цимет и јас не преферирам па тој сепак ќе го прескокнам
Домашен чај многу сакам, но никако да најдам, само чај од маточина си имам дома хаха купените не создаваат хедонизам како домашните чаеви.
Здраво, дали го имате користено чајот Дримо - природни билки за регулирање на цревата и дигестивниот процес ? Дали сте задоволни?