Пијам зелен чај, заради диетата, искрено вкусот не му го сакам баш најмногу , ама тоа е, го дружам два пати на ден. Сакам чај од липа и од нане, и тоа природно собран и сушен, од баба. Од ќесичките го сакам тој од портокал и чајот од јаболко со цимет.
Секој ден пијам чај, сабајле кога ќе станам обавезно и некаде попладне уште еден. Најчесто пијам зелен со лимон, или некој друг билен, не сакам овошни.
И јас не сакам овошни чаеви и не сакам мед во чајот. Инаку обожавам зелен чај со нане, камилица, само нане, планински....... преферирам чаеви од алкалоид, тие ми се некако најдобри.
Мајка ми секој ден пие зелен чај па ми ја пренесе таа навика и мене,иако не секој ден можеби но сепак,редовно конзумирам зелен чај,од камилица,овошен,природни чаеви од баба ми, итн.Го пијам без никакви додатоци,шекер никако,а кога сум настината го пијам со многу мед и лимон. Понекогаш кога сум настината пијам и увин чај А чај од жалфија користам за плакнење на непцата,по препорака од мојот стоматолог.
А што мислите за зелениот чај...јас до сега немам пиено иако сум обожавател на чаевите и многу пијам..викат дека зелениот чај бил добар за сабеење па затоа ни не пробувам да го пијам што мислите вие добар ли е или?
јас зелениот чај си го пијам често а и си јадам значи од една чаша во денот нема да ти биде ништо верувај
Еднаш дневно пијам чај последниов месец, а порано ретко. Прегорен шеќер, шумско овошје, хибискус, нане, коприва, пијам од се.
Пијам зелен чај секојдневно , бидејќи го забрзува метаболизмот а не дека ми е нешто посебен вкусот.Го сакам чајот од мајчина душица, нане, липа , камилица ама собран и сушен а не купен,најубав ми е А од кесичките купувам чај од ехинацеа или овошни
Пред 3 год. не пиев чај воопшто освен ако недај боже се разболам ме фати грип па морам. Ама имам една колешка која многу пие чај, додека сме на раб. по 3-4 шољи и таа ме зарази на таа навика. Го пијам зелениот чај повремено а го обожавам од брусница, хибискус, камилица за појадок обавезно. А да, си донесов и тегла мед на работа па го заладувам понекогаш.
Порано со сила да ме тераш чај немаше да пијам. Сега секојдневна напивка ми е. Кантарион пијам секоја вечер со месеци, според многумина кантарионот помага во стомачки болки и менструални, и малку ми се намалија болките. Ама пијам од цветовите, прав кантарион, не кесички. И моментално си купив брусница, ептен е здрав за нас жените, и мнооогу вкусен. Го сакам и шумското овошје со мед и лимонче. Лани зимото пиев зелен чај долго време ама ем е гаден, ем некако на организмот не му делуваше како што очекував и престанав.
Чај пијам само по потреба, значи само кога сум болна и кога нешто ме боли (стомак и сл). Немам навика да пијам чај, некогаш ќе ми текне ќе сварам но тоа е многу ретко а знам дека е убаво и здраво да се пие...
Пиев пред 10тина минути чај од шумско овошје на Алкалоид и многу ми се допадна.Пијам чај само кога сум настината,онака немам навика,и покрај овошните го пијам и чајот од липа.