Препорачајте некој добар чај за опуштање, може и од La Cha. И некои добри од боровинка, јагода, јаболко и цимет. Оние на Good Nature само предобро мирисаат а никаков вкус немаат.
Ведарко е убав, овошен е со јаболко, вишна, брусница и парчиња кокос. Превкусен е, мене ми е еден од омилените. За опуштање супер е лаванда мандарина. Има плус цветчиња невен, јаболко, хибискус. Многу ми е убав и тој. А во последно време многу често го пијам Магија на Јужното Море. Е кај него основата е црн чај, некогаш ми е и како замена за кафе. Има манго, папаја и некои други цветови, вкусот е фантазија.
Дали сте го пиеле чајот од жалфија? Како го подготвувате? И по колку мл во денот се пие? Јас имам досега правено само гаргара со жалфијата, за пиење е немам користено... Читам дека е многу здрав за скоро се, но со овие чаеви ми е страв да експериментирам малку Имам многу шлајм, а исто така и како бело перење многу па прочитав дека овај чај ефикасно прочистувал се тоа..
Жалфијата е една од моите омилени билки и секогаш ја козумирам како гаргара за болно грло (помага 100%) или во комбинација со други билки. Листовите од жалфија се богати со флавоноиди, горчливи материи, фенолна киселина и претставува една од најдобрите билки за проблеми со стомакот (киселини, проблеми со системот за варење на храната, гастритис) како и проблеми поврзани со менопауза, циклус, аменореа итн.) Наједноставна варијанта е да ја пиеш во комбинација со камилица, која ќе ги зголеми смирувачките својства на жалфијата и ќе ја ублажи. Во една шоља 250- 300 мл. врела вода стави половина кафена лажичка жалфија и половина кафена лажичка камилица. Остави да отстои околу 10 минути прецеди и пиј. Особено е корисно после јадење во случај на проблеми со варењето или кислеините во стомакот. Најдобро е да ја конзумираш незасладена. За било што слободно пиши Поздрав
Од алкалоид имаш повеќе видови, ќе ти ставам линкови мене кои ми помогнале 1.https://alkaloid.com.mk/mk/product/valerian-mix 2.https://alkaloid.com.mk/mk/product/duplex-camomile-with-honey-tea 3.https://alkaloid.com.mk/mk/product/relax-b3-b6 И обично нане некогаш незасладено Пробај Лунерба Плус
Пробај со чај од матичина, ако треба и 2 ќесички за 1 шоља: https://zegin.com.mk/mk/good-nature-matochina-chaj-20-kesichki Или некој од овие: https://www.bellina.mk/p/4230/jardi...pienje-i-relaksatsija-od-lipa-i-verbena-30-gr https://www.bellina.mk/p/2143/yogi-tea-bedtime-rooibos-vanilla-organski-chaj-x17 https://www.bellina.mk/p/2134/yogi-tea-bedtime-organski-chaj-x17 (овој пробај го) https://www.bellina.mk/p/2133/yogi-tea-relax-organski-chaj-x17 https://www.bellina.mk/p/4729/yogi-tea-good-night-organski-chaj-so-esentsijalno-maslo-od-lavanda-x17 https://www.bellina.mk/p/4243/jardi...kamilitsa-matochina-i-tsvet-od-portokal-50-gr (и овој)
Ви благодарам на сите што сте ми предложиле доста чаеви Јас дека немав време пазарев во најблискиот кам и земав еден laku noc и гледам не ми помогна. Овие ќе ги барам после празников а дотогаш ќе го пробам пак од овој што го имам. Но и нормално е после трета спиев до 17:30 часот и сега нормално дека неможам да заспијам вечерва.
Најчесто користам зелен чај,го пијам наутро пред да доручкувам,без шеќер засладен со мед и додавам свеж лимон парченца. За во зима секако чај од брусница со мед и лимон.