Овој на Лојд со Зелен чај и портокал го има некој пробано? Јас го имам само тој со малина/шумско овошје, ама не осеќам разлика во вкус од обичен Зелен Чај. Спојлер: . И предлози за некои други овошни, со можност од природни екстракти како овие?
Истото го помислив кога го пробав, дека е ко Хубабуба мастика. Многу ми се допаѓа и овој со слива и цимет. Му ставам и малку мед, зашто без мед не е тоа тоа.
Врти сучи без овие 2 не можам: Овој зелен со нане на Липтон ми е највкусниот најосвежителен чај, му нема замена. А маточина за навечер ми е врв, додека го пијам ништо не осеќам, ама кога ќе легнам осеќам релаксирачка топлина низ телото.
Омилен! Овој е еден од ретките чаеви што до сега ме носел наназад низ детството. Ќе го најдете во Кам.
Дали е сличен со Божиќниот чај на Good Nature? На таков ми личи по пакувањето. Мене деновиве хит ми е овој, од ДМ го купив. Можеби го има и во Стокомак, таму има поголем избор на Loyd чајчиња.
Според составот исто така ми личи на него. Баш ќе го земам овој од Кам на следно пазарење па ќе видам.