Во секое време дома имаме чај, најчесто зелен, жалфија или ментол и го пијам со млеко половина чаша чај, половина млеко и 1 лажичка шеќер или ако сум гладна бисквити и чај мммм...
Најмногу сакам од портокал и цимет, евентуално јаболко и цимет, а во последно време, си купувам од Ла Ча, едно продавниче карши Вулкан, сто видови со интересни имиња! Фаворит ми е Индијанско лето и Бадемов колач, уф, каков мирис и вкус имаат! Поскапи се од вообичаените, во кесички, ама вредат. За главоболка, Хармонија многу е релаксаторски, пробајте го
Не пијам многу често, ко ќе сум настината пијам повеќе, не ги сакам тие што се со вкус на: јагода, праска, шумско овошје... најубав ми е планинскиот.
Пијам чај од брусница (иако тоа е повеќе од здравствени причини) а најомилен ми е од хибискус заради киселкастиот вкус.
Се давам во чај. Обавезно секој ден зелен и зиме и лете. Сега хит ми е и од коприва и еден нов мешан чај од нане, жалфија ,ајдучка трева, и уште нешто имаше ама не памтам сега. Кафе пиев многууу до пред една година, сега целосно го исфрлив и си уживкам со чајчиња.
Не пијам чај,единствено што знам е дека ми имаат ужасен мирис и одвај ако сум ептен болна со сите кавги со мајка ми,а богами ко помала и ќутеци Ќе се сетам,кога бевме мали и одевме со групи на одмор,и насабајле со доручекот служеа обавезно чај,дечките со сласт си го шмркаа,а мене веќе доручекот ми беше расипан од самата миризба што се ширеше
Јас си пијам зелен чај,по 2 солчиња дневно...почнав да го пијам коо демек за слабееење,ама нема врска,не ослабнав ич.и сега си се навикнав и онака си го пијам убавичок ми е
Пијам чај во зима скоро секој ден. Најчесто од камилица затоа што е многу лековит а сега една другарка ми кажа дека зелениот чај бил многу лековит еве нешто за него обавезно прочитајте го Зелениот чај е познат по тоа што го намалува холестеролот и со тоа се балансира неговото ниво во крвта. Спречува да се создаваат масни наслаги во телото и го забрзува метаболизмот. На овој начин тој помага при губењето на килограмите и одржување на линијата. Зелениот чај штити од болести.Докажано е дека зелениот чај содржи корисни полифеноли, кои се многу јаки антиоксиданси кои го зајакнуваат имунолошкиот систем ,кои помагаат во борбата против ракот (го намалуваат дејството на ензимите кои овозможуваат канцерогените клетки да се населуваат во организмот и со тоа ги намалува шансите за заболување од рак. Кинеска студија која била спроведена на 6.928 жени покажала дека тие кои редовно конзумираат зелен чај имаат 12 % помал ризик да заболат од рак на дојка). Полифенолите помагаат и кај луѓето кои имаат проблем со спор метаболизам како и при диети (докажано е да при диети, луѓето побрзо губат килограми доколку наместо вода пијат зелен чај. Лицата кои пиеле зелен чај изгубиле повеќе од 7% масни наслаги отколку луѓето кои пиеле други напитоци, со ист број на калории). Зелениот чај исто така штити од срцев удар и мозочен удар (врз основа на 9 научни истражувања било докажано благотворното дејство на зелениот во превенцијата на мозочниот удар. Лицата кои пијат 2 до 3 шољи чај дневно имаат 21 % помал ризик да доживеат мозочен удар). Зелениот чај ги намалува токсините на црниот дроб вклучувајќи ги и оние од цигарите и алкохолот. Доколку редовно го конзумирате или ја перете усната шуплина со него, тој спречува појава на кариес и ги штити непцата и грлото (во студија, во која учествувале 940 мажи, било докажано дека оние мажи кои пиеле зелен чај имале појаки и поздрави забни непца) Ја намалува појавата на тромбоза, односно ја спречува аглутинацијата на крвните плочки - тромбоцитите. Може да се користи и како средство за чистење и освежување на кожата на лицето. Честото конзумирање на зелен чај може да ја зголеми јачината на коските (благодарение на катехинот кој го содржи зелениот чај) , да го стимулира растот на коскената срж, да го успори нивното распаѓање и да спречи појава на остеопороза (тајвански научници откриле дека високата содржина на полифеноли во зелениот чај ја одржува густината на коските и со тоа ја спречува остеопорозата. Затоа на жените, посебно во периодот на менопаузата им се препорачува да пијат зелен чај во поголеми количини) Нова студија во Јапонија ја открива врската меѓу честото консумирање на зелен чај и помалата појава на депресија... Новата студија е извршена на 1058 жители од Јапонија на возраст од 70 години. Позитивен ефект се манифестирал кај оние испитаници кои секојдневно пијат по две до три чаши, а резултатите се уште подобри меѓу испитаниците кои дневно пијат по четири чаши на зелен чај. Точниот механизам на дејството на зелениот чај врз депресијата се уште не е јасен, но ова е уште една во серијата на докажани благотворни ефекти на мултилатерален пијалок.
Во зима ми е основа за преживување!! Не го пијам само од тоа што ми е убаво, туку за да ме загрее и да ме надува Зелен чај пијам не редовно, ама повеќе пати во неделата. Омилени секако ми се оние со различни ароми: портокал и цимет, јаболко и цимет, јагода и ванила, вишна и јогурт, шумски овошја...ммм... Уште кога во нив ќе измелам ванила, или чоколатце можам да се препијам!
^ Сличен вкус имаме со Старфиш И јас најчесто ги пијам јагода & ванила и јаболо & цимет Исто така сакам и шумско овошје и камилица,пред спиење да ме стопли Летно време го сакам ледениот од праска и шумско & брусница
пијам Чај секое утро откако останав бремена инаку си пиев кафе сега Чај и омилен ми е хибискус и навеЧер еден релакс се вика стварно релаксира
немам навика за чај, единствено чај од магдонос кој го мразам ама навистина помага за време на ПМС, одвратен не одвратен мижам и во една голтка. Има моменти зимно време кога имам желба за чај од нане, единствено тој онака ми е по така од сите чаеви
Ич не ги сакам, ама кога сум болна морам да ги пијам и ми нема спас. Најмногу ги сакам чајот од камилица и нане. Оние што се со цимет, не ги поднесувам, од самиот мирис ми се лоши.