Зелен чај,јаболко и цимет,јагода и ванила,портокал и рум ммммммм пробајте и нане кога ме боли мешето или онака одвреме на време.Знам дека зелениот чај е мн корисен. Зелен чај за детоксикација Кај здравите луѓе кои секојдневно земаат капсули екстракти од зелен чај без кофеин доаѓа до зголемување на ензимите задолжени за детоксикација кои имаат влијание во борбата против ракот, покажало истражување на американските научници. - Екстрактот од зелен чај може да биде корисен кај оние луѓе со недостаток на ензими за детоксикација, а не би требало да им штети и на оние кои имаат доволна количина на тие ензими во својот организам, изјави шефот на истражувањето, доктор Шери Коу од Универзитетот Аризона. Генетските и еколошките причинители предизвикуваат кај луѓето зголемување и намалување на нивото на ензимот глутатон С - трансфераза (GST), кои можат да ја имаат клучната улога во одбрана на телото од токсични и канцерогени состојки. Предходните истражувања на животни покажаа дека состојките во зелениот чај, антиоксиданти наречени „катехини“ ги активираат GST ензимите. Доктор Коу истражувала какво влијание би имале состојките на зелениот чај на нивото на GST кај 42 здрави возрасни лица. Во текот на четирите недели пред почетокот на истражувањето доброволците непушачи се воздржувале од конзумирање зелен чај и при тоа конзумирале храна за која се знае дека содржи епигалокатехин галат, антиоксидант кој може да придонесе во борбата против ракот. Доброволците во текот на следните четири недели секое утро пред јадење земале по четири капсули од по 200 милиграми епигалокатехин галат кои обезбедувале иста количина на истиот антиоксиданс во замена за 16 шолји зелен чај дневно. Откриено е дека нивото на ензимите GST за детоксикација кај учесниците во истражувањето е поголемо за 80 отсто. Кај учесниците со средно или високо ниво на GST или не е дојдено до зголемување, или е забележано само мало зголемување на нивото на GST. Коу вели дека се во тек истражувања кои треба да го потврдат превентивното антиканцерогено делување на зелениот чај или екстрактите на зелениот чај.
Ми се допаѓаат повеќе чаеви но најмногу сакам чај дека е топол напиток , а сакам од нане, мајчина душица, камилица, планински.Пред се сакам чајот да биде природен собран од планина или ливада каде што не е загадено, не во филтер вреќички бидејќи во нив ставаат и други растенија и го немаат вкусот и мирисот како што е оригинал.
jas sum slusala deka cajot od bosilek e mnogu lekovit i deluva protiv kaslanje, no isto taka se preporacuva golema vnimaletnost do licata koi se uste nemaat deca bidejki ima veruvanje deka deluva na sterilitetot zatoa vnimatelno so nego [mod-kirilica:2dyu96rh][/mod-kirilica:2dyu96rh]
Обожавам чај најчесто конзумирам зелен чај и од шумско овошје, кога немам од овие чаеви пијам од кантур,планински некаков...дома имаме таков овој последниов го пијам со додаток на лимон и шеќер Вкусни се
Обично чај пијам само кога сум болна Едно време пиевме доста често со сестра ми, поготово од шумско овошје или од нане. Не сум голем обожавател на чај, повеќе сакам ВОДА
Ааа чајче си пијам ...и тоа во гооолеми количини....до душа повеке си пијам вода ама го сакам и чајот ...омилен ми е зелениот, не многу поради вкусот туку поради неговиот ефект значи за прочистување на организмот од токсини....потоа нане,камилица,кантарион-бил добар за желудникот...потоа од магданос-демек за целулит...и така ...а посебен ми е од цимет и јаболко
Обожавам топло чајче во студените зимски денови, а не пребирам пијам секакви чаеви: нане, камилица со мед, мајчина душичка, јаболко и цимет, ванила и јагода, шипка, брусница ,жалфија ( за прочистување на устата и здивот)....... Пробав едно време да пијам зелен чај, демек затоа што е многу здрав и богат со антиоксиданси ама стварно не можев и се откажав после недела дена И така, многу си сакам чај, ама и кафенце не одбивам во друштво со колешки или комшики за лаф-муабет (закон!!!)
Последниов период многу почнав да пијам чаеви. Некако претерав со кафиња, а имам потреба од топол напиток - вреројатно навика е во прашање, и чај е наједноставна варијанта. Многу почнав да пијам црн чај, па секој втор ден сум во Арапски ресторан на чај Дома немам реквизити да го направам како што треба, имам само инстант, а тој врска нема.
од чаевите најубави ми се на франк од јабука-цимет и јагода-ванила а си пијам и од мајчина душица и од нане
сакам да пијам планински чај што го береше баба ми , а мислам дека чаевите од ќесичка се штетни .. барем мајка ми како што ми кажуваше .. во дворот зад куќа имаме чај од нане .. го пијам без шекер без лимон и без мед .. само зелениот чај го пијам од ќесичка бидејќи има многу антиоксиданси во него кои ни се потребни , го зајакнува имунитетот посебно сега во зимно време
Дома чај никако не пијам... Повеќе кога сме во интернатот си вариме и пијам таму секаков... Последен што купив беше Зелен Чај... Читав многу здрав бил само не треба во големи количини да се пие т.е. почесто
Најмногу сакам планински и јас, особено кога го пијам дома со додаток - сируп сок од лимон...ммммм... Баш прееска си купив чај од брусница на Виталиа, од тој што се раствараат неколку лажички во 500 мл вода. Во такво издание имам и зелен, исто на Виталиа. Здрави биле демек Ај да видиме...
Сега само што испив чај од портокал и многу добро ми дојде Си сакам чаеви, да ме стоплат и освежат после напорен ден
После тежок ден се опуштам со топол чај , најчесто планински или од малина. А ладниот чај ме освежува во топлите летни денови.
јас обожавам чаеви , навечер кога гледам тв обавезно си варам чајче пијам секаков чај од природните многу ги сакам планински ,од нане ,зелен чај, а инаку од тие од кесичка ми се свиѓаат праска , шумско овошје , јагода