Во последно време контам дека ужасно многу не ми се допаѓаат до граница да ме иритираат сите оние чевли кои се и напред подигнати на платформа. Дали не сум видела убав модел или што е работава, ама скоро сите ме асоцираат на кафански певаљки од ЖЉ категорија евентуално на стриптиз барови. Ептен ми делуваат - оросписки да ми простат произведувачите Ретко нешто да ми се допадне од тие 15ките и кусур. Па уште и кога ќе ги видам младине девојчиња како се тетерават во нив и одат ко Дарко Панчев со 5 копачки набутани во анус, уште помалку ми се допаѓаат За мене нема поубаво од едноставна, елегантна, женска чевла која плус и убаво ја истакнува женската нога и стапало. 10че штикла е сосема доволна. На пример И така
ги сакам сите видови чевли многу сакам високи потпетици иако не носам многу чевлите ги избирам по мојот стил а цената не ја гледам многу но доколку цената е превисока а чевлите не некако посебно убави тогаш не купувам
Многу голем фан сум на високи потпетици...(знам како и сите женски) Значи носам, дома веке сите бои ги имам татко ми ке ме исели еден ден...секој месец нови штикли...а најтрагично е тоа што по еднаш два пати ги носам и толку после меракот ми поминал па ајде нови... Ама ниско си е ниско ... Денска шема не можам да носам штикли ... многу убаво ми изгледа и коа ме фаќа мерак облекувам ама после се каам пошто не можам да издржам ... затоа ниско си е ниско ... Штикли само за навечер т.е излегување!
никогаш и нигде не можам да си најдам асални чевли. т.е ги наоѓам ама после дооолго време барање, дури и сезоната ќе помини овие кинескиве чевли ги носат и во некои `поелитни` продавници и не знаеш колку пари даваш, а што квалитет купуваш. пр. лани во охрид купив летни сандали, продавницата беше од поскапите, ама тие ми личеа на кинески. прво облекување-ми се скинаа, а потоа ги најдов за само 295ден. во Гари-кинеска продавница.
Преферирам патики бидејки имам само 15 години мислам дека ми е рано за штикли па така да купувам поскапи патики и од марки.
Да ве прашам имате носено чевли од марката Баргала ??? Македонска фирма од Штип .Што квалитет држат и цените одприлика ?
Во целост го делам мислењево.Ме чуди кога некои припаѓаат на некакви копитарски модели,со високи платформи напред,како Лејди Гага да ги дизајнирала,грди ми се мене.Ај што делуваат грубо на изглед плус додаток испрекршен од....Никогаш не можат да и конкурираат на елеганцијата што ја даваат на пример овие И пак нека велат дека никогаш не би облекле шпиц чевли.
Имам едни балетанки од Баргала, не ми текнува колку ги купив, само ми текнува дека беа на попуст тогаш. Убави се многу, само што јас не сум многу мерак по балетанки, па не ги имам многу носено. Да речеме дека цените се движат од 1000 до 5000 денари, ама се исплати бидејќи се кожни и квалитетни
Што и да купиш од баргала или биана, верувај нема да зажалиш...нема ништо поудобно...ем што се кожени ем и калапот им е убав...имам неколку пара, последни ми се оксфортките...намалени беа од 2500 на 1500...колку и да дадеш вреди, најискрено...