Купувај ако те бендисало нешто од Баргала, многу се убави, а и квалитетни. На другарка мајка ѝ си собира уште 2-3 пријателки и на пар месеци си се возат до фабриката пошто упола се цените, ептен убави работи има. А за вакви огромни, со копчиња, кратки, било која боја, убивам! Кајма бе кај нас вакво.
Јас често излегувам и си купувам чевли , одам во продавници кај што има квалитет, бирам добар модел а цената... Тато плаќа така да... најскапите чевли што ги имам купено беа 9.800 така нешто ... За пари немам гајле.. татко ми гледа квалитет и што ми се допаѓа и ми го купува тоа.. Сакам чевли , најчесто носам патики.. но имам и чизми, мартинки... а имам и штикли односно имам само 2 пара штикли но ги немам носено , имам 14 години така да.... ми стојат а ги купив затоа што ми се допаднаа... отидов во продавница и си ги купив...