Јас сакам по едноставно...во што и да е. Неќам кич, ама ич Многу сум терсене во изборот, кога сум во таква продавница...пола сат се моткам и се мислам дали, или... Ми се допаѓаат таков тип:
На крај краева скоро секоја девојка ќе заврши на нормални салонки,без превисока штикла. Според мене салонките,оние со тенка штикла,црни или црвени,се најсекси. Од една страна делува страшно секси и зрело,женствено и убаво,од друга нема проблем да биде подолго време на нив.
Да ве прашам, дали имате купено чевли (штикли, балетанки, чизмички) од Gary кинеската продавница? Влегов сега брзо и имаше многу убави модели на кратки чизмички за 550 денари. Си велам колку можат да се издржливи за тие пари? Иако сметам дека една зима со просечно носење може да се помине (на оример јас само за излегување носам, а излегувањата се ретки) Има некој искусен?
Јас имам купено од таму штикли затворени, ги видов и јас како тебе случајно, 400 ден. беа и скоро 2 години ги имам, многу се удобни и не се оштетени сеуште Ми се допаднаа и на изглед и ги купив, не мора да значи дека ако се од Гари не се квалитетни, секогаш има исклучоци без разлика од кај се купени. Скоро секаде има кинеска роба веќе по продавнициве. Некои чевли што имам купено од други продавници ми испаднале понеиздржливи од овие искрено.
Јас обожавам високи штикли.Понекогаш си мислам дека ако не носам високи штикли исто ми е како да сум боса.Или високи или никакви не носам.А доста сум висока ама сепак си купувам високи штикли.
Во последно време најмногу ми се допаѓаат чизмите на полна штикла. Многу ми се удобни , а воедно и преубаво изгледаат.