Мене ми се супер! а за тоа со грбот... види колкава платформа има, не е така страшно како што визуелно изгледа.
Фајрквин - Јас немам со волку висока платформа, но има една моја другарка. Нејзините се сини. Нема никакви проблеми, кажува колку и е удобно одењето заради платформата. Не се мисли земи ги. Незнам како може да те информираат неточно. Виновен е тој што ти кажал. Требало да се информира убаво.
И мала да е штиклата, лошо влијае на држењето. Секоја штикла искривува `рбет, тоа е едноставно неприродна позиција за стапалото. Зошто на трудници им се забранува штикли носење, иако моја професорка одеше истопорена на десетки со стомак до заби. Ако имаш мерак купи си, и онака претпоставувам на излегување само ќе ги носиш. И рачунај целовечерна програма до касно нема да издржиш на овие. Јас обожавам високи, последните што ги купив се 13 цм, знам дека не чини, ама не ги носам секој божји ден, а и кога ги носам тоа е по 2-3 саата.
пред околу месец дена си купив вакви (само црни) во котон. имаше и тегет, лилави и црвени мислам и се исти како на сликата. Ми се чини дека беа околу 1990 ден
оваа тема значи ја обожавам, бидејќи сум вљубена во се шо се носи на нозе.! значи чизми чевли сандали.... најмногу обожавам на висока штикла, и редовно си купувам такви. најчесто се во црна боја бидејќи на се одговара, класика. меѓутоа и кафеавата оваа година некако како тренд ме фати и мене па имам доста парчиња на кафеава и црвена боја..... како и да е секогаш мора да се високи!!
да би требало да ги има кај нас (во кочани) сликата ми ја прати една другарка на нивната страна на фб ја видела би требало да се донесени затоа ја поставив сликата да кажете мислење дали се добри за престојнава сезона иначе лаковани се и мислам дека рече дека цената им е 2200денари ( не сум баш сигурна кога била поставена сликата имало поставено прашање колку чинат и одговориле така) позз