Сакам високи штикли ама пустите колку болки трпам од нив... Кога ги купувам најважно ми е да не се made in china, имам проблеми со палците а таквите само ми го потхрануваат проблемот... Бојата ми е клучна, за да има со што да ги комбинирам, удобноста и секако преферирам подостапни цени. Не сум купила поскапи од 4000. Не сметам дека нема и made in china чевли што се удобни и добри, но тоа е среќа, а мене како што не ме служи, ќе ми се погодат најмлитавите Тоа е моето искуство
Е стварно не ми е јасно, зошто мора секоја салонка/сандала да има вртоглава штикла од +10 сантиметри! Не секоја девојка сака да биде висока ко Aјфеловата кула, мајке ми!