Не познавам жена на која не и се слабост чевлите!!! Се сакам да купувам ама за чевли, чизми, сандали...имам посебен ритуал и посебна, 100%-тна уживанција Сакам удобни и квалитетни чизми на ниска потпетица. Знам дека високата потпетица многу поубаво делува и и дава на ногата по женствен изглед. Многу години носев високи потпетици и уживав во нив. Сега повеке сакам удобно, елегантно, квалитетно и убаво.
не дека не сакам високи потпетици, но најДОМА се осеќам во рамни ниски чизмички или во патики, особено старки.
Сакам да носам чизми во зима, чевли во пролет и есен и сандалки во лето Носам со висока потпетица (имам чевли и сандалки со штикла од 15цм.) и досега сум немала проблеми со стапалата. Не обрнувам многу внимание на модата, гледам мене да ми е убаво и да ми одговара на облеката (на пр. не можам да носам ептен шпицлести чевли/чизми бидејќи имам тенки нозе и ќе изгледам смешно ). Што се однесува до цената, не ме интересира, но искрено никогаш не би дала повеќе од 100 евра за чевли.
вакви имам сиви и црни два пара, ги обожавам! практикувам високи потпетици, носам и чизми, а омилен модел на чизми ми е овој , исто така сакам да носам и сандали, и пак ќе кажам, високи! вакви, само не ваков материјал
Штиклите ми се опсесија....Ги обожавам...Ги носам за вечерно излегување, а денски носам чизми со ниска штикла, или рамни чизми. Во лето, нормално, носам високи потпетици за навечер и сандали А најудобно се чувствувам во патики
Obozavam sekakov vida na obuvki , i sekogas kupuvam razni boi lilavi sivi zeleni i tn gi obozavam i isklucivo kupuvam so visoki podpetici, znaam nekogas da kupam i skapi ,no nekogas ako mi se dopadnat kupuvam i poevtini.
овакви ми се последните што ги купив само имаат дијаманти на нив светкави се цел и кожни се а воедно и едни од најскапите што ги имам имам вакви слични само повисок тие ми се за матура имам многу штикли си купувам од време на времеи ниедни не ми се пониски од 10-15 цм
Чизмииииии-ниски до глужд на висока дебела потпетица, високи над колено, UGG, на врзување, ниски до глужд и со мала потпетица, дури и гумени за на дожд... Сите си ги сакам подеднакво! Сега ми фалат уште Timberland-ки и топ ќе ми биде Само моите да не ја дознаат сумата потрошена периодов на чизми
ЕЕЕЕЕее,моја жална тема Сакам чевли,купувам со задоволство ама си имама проблем со висината.Еве на пример зимава беа во мода 15ка штикла, а јас уште да ставам такви на моиве 183 см иии...не сакам толку високи,па така го претурам градот и околината за штикла од 5 цм.А,и плус број 40 ops: .што да правам?Не се чувствувам баш најубаво да бидам ептен над сите.А и дечко м и е за два-три сантиметри понизок и сега ми е глупо да се правам 190.Ама сите чевли што ги имам ми се преубави,и многу си ги сакам.Не е се во штиклата А,и ова,сакам во сите бои,си купувам и црни и крем,бели,имам и лилјакови,е сега сум запнала за рубин црвени,ама овде нема.Ај ќе истраам дури е снегов со чизми па се фрлам на барање
Најчесто носам патики пошто имам доста долги и напорни денови на факултет па секогаш барам нешто покомотно.Коа ги видам таму се натепале во штикли дванаеска се чудам што им е филмот, замисли од сабајле до вечер на штикли еј! Е излегувањето веќе е друга работа.За таа пригода сакам некое добро моделче.
Јас релативно доцна почнав да носам штикли,на 18 год, пред тоа не можев да ги смислам ми беа селски ама како и секој период и тоа помина,и сега за излегување или био каков поважен настан носам штикли,преку ден гледам да ми се практични затоа што сум во движење повеќе.А што се однесува до видот на чевли страшно многу внимавам да се удобни и квалитетни и да се интересни и несекојдневни а пак да се вклопуваат со поголемиот дел од гардеробата.И исто многу сакам чизми и ги носам додека се може [image][/img]
од патики, балетанки, сандали, чизми се носам и се сакам....во рамни се чувствувам најудобно, ама некогаш може да ме заболат нозете ако се ептен рамни односно балетанки :? а кога носам штикли се чувствувам ептен убаво и секси и самоуверено......само моите нозе после некое време баш и не се чувствуваат така моите први штиклички (сандали) беа 5 cm од пеко и беа зелени хахахаххаха што да правам таква боја беше во мода, од 16 год. почнав да носам штикли и сега стигнав до 10 cm....сега имам едни кои ги пукнав од носење откако ги купив, само флекници менувам :mrgreen: еве како овие на сликава се исти....обожавам висока и тенка штикла, ама гледам ако е повисока од 7-8 cm да има и платформа зошто така е поудобно
Па сакам чизми на плута,на штикла,но повеќе преферирам на штикла,затоа што поженствено се чуствувам,а и тука на сликиве видов едни сиви чизми на стикла,мнооогу ми се допаѓаат,кај ги имааааа,знае ли некој?