Девојки, ми треба помош... Имам сандалки кои ќе се обидам да ги прикачам тука, омилени ми се, но ми се раширија напред после една година носење... ногата ми се лизга нанапред, и изгледа како да носам 2 броја поголеми, секако и одењето ми го отежнува... Дали некоја знае како може да се стеснат? Ви благодарам однапред.
Хммм не знам дали те разбрав добро ама ако ногата ти се лизга нанапред тогаш купи си силиконски перничиња. Тие ја имаат таа функција да не ти се лизга ногата. Имаш најразлични: само за прстите, за целото стапало, за петицата.. секакви може да најдеш.