прво глледам да се високи па после да ми се свиѓаат а цената на крај ако имам пара за нив не жалам да дадам пари па дури и 3500 да се дечко ми ти добра си?! хахаха барем знам дека ќе ги износам а и тој сака да носам штикли
НЕСАКАМ некои пренатрупани кондури или сандали ме задоволуваат обични салонки со платформа, или некое по елегантни сандалки исто така обожавам на пуна пета
Можам да кажам дека сакам секаков вид на чевли. Почнувајќи од спортските патики, до високи потпетици. Во текот на зимскиот период носам чизмички кои може да се неколку прста под коленото, или нешто пониско од тоа. Во текот на пролетта, носам ниски чевли, балетанки, а може да се погоди и некоја убава патика која не е класичната спортска патика. Летниот период, практикувам ниски сандали и балетанки, а за на плажа носам апостолки. Есента, носам интересни ниски чевлички, чизмички до зглобот или нешто повисоко, или некои убави патики. Не носам високи потпетици, бидејќи возраста не ми е за нив, иако имам носено од оние мали штиклички кои се продаваа/ продаваат во продавниците на Accessorize. Пуст мерак.