Какви чевли носите деновиве? Со чизми, макар и антилоп ми е топло и нелагодно, а за пролетни чевлички ниски уште е ладно.
Не би сакала да навредам никого секој си има свој вкус, но обувките со дебели ѓонови одамна веќе не се ин. Барем за оние кои ја следите модата погледнете на странските сајтови, телевизии и се друго кое се смета за репер во оваа категорија и никаде нема да ги сретнете. Јас искрено никогаш не ги практикував ниту ќе ги носам некогаш за разлика од класичните безвременски модели на салонки, сандали и рамни обувки кои можете слободно да ги извадите од ормарите од пред неколку години и да им се восхитувате повторно.
^ И демек ако некоја костурана на некоја странска телевизија на писта носи чевли без платформа, јас моите со платформа да си ги фрлам во првиот контејнер. Во ред е твојот избор да биде да не носиш такви обувки, но не значи дека жените треба да и‘ робуваат на модата и да го носат само она што е актуелно во моментот. Ако тие твои рамни чевли за шест месеци не се најдат во ниту една модна колекција на високата мода, ќе престанеш ли да ги носиш?
Потполно се сложувам, а и така ние во Македонија сме малце уназад од цел свет, што мора мода да се следи. Инаку сакав да прашам дали стои на 16 годиншно девојче да носи вакви штикли? Многу ми се свиѓа моделот, само не знам дали е во ред со моиве години такви да носам.
Meне во никој случај не ми се допаѓа моделот горе на сликата, како за 16 годишно девојче. Не е до висината на штиклата, самиот модел е таков и налага поелегантен стил што во никој случај не би го вклопила во стилот на било кое шеснаесет годишно девојче. Најди си друг модел, има мал милион поубави од овие кои ќе ти одговараат на годините.
Напротив, јас воопшто не и робувам на модата. А таквите чевли за кои зборам воопшто и не се симпатични биле во тренд или не. Зборев за создавање на сопствен стил кој ќе биде инспириран од следење на модни трендови и случувања. А 16 год девојчиња треба да размислат за носење штикли воопшто а уште повеќе да размислат за вовлекување во модели во кои ќе изгледаат како од филм за возрасни?! Во моментов којзнае колку сте повредени од мојот коментар ама по 10 год верувајте ми исто ќе реагирате на тогашните 16 годишни. Поздрав,чувајте се и чувствувајте се убаво во своите обувки!
Ај договори се со самата себе што сакаш да кажеш. Не и‘ робуваш на модата, ама сепак треба да ги следиме светските модни случувања. Зборуваш за создавање на сопствен стил, а погоре дискутираш за различни вкусови на чевли. Која си ти па да кажеш дал се симпатични или не? Тебе не ти се, ок. Мене ми се. Ниту ти грешиш, ниту јас грешам. Пред да дискутирате за трендови, стилови, вкусови... и да ги употребувате тие зборови во една реченица, разграничете си што точно значат.