Зависи каков модел, сакаш пообични, лаковани, висока штикла, ниска. Низ Скопје во последно време имам видено во трговски добри чизмички а и не се многу скапи.
Девојки едно прашање,што мислите дали се подобри чизмите одм Биана или Баргала има ли некој искуство ??
Здраво дечкии, да ве прашам за чевли за нова год какви да си купам, се мислам дали оние како шпиц напред ама не оние скрос со малце само ,или некои до глужд или над сега што се во мода ако ги знаете а за боја сакам крем или црни, да ми дадете некоја идеја со слика па да видам какви, фала мн
@susi Јас за нг планирам вакви некој.. ..или пак Одлични се ,а и би можеле да се искомбинираат во различни комбинации.Со фустан некој,со сукњичка,со панталони и сл.
Се мислам за вторите и последните мн ми се свиѓат, ама повеќе сакам како последните и крем. Фала мн на идеите
Високи потпетици носам само во исклучителни ситуации и секогаш изборот ми е тенка штикла со просечна висина.
Имам купено неколку пара чизми од Баргала и од Биана, презадоволна сум. Така да, од каде и да одлучиш да купиш, нема да погрешиш.
Нешто вакво си купив пред еден месец, ама многу се тешки за одење. Сепак се снаоѓам, ако не треба да трчам. Имаат многу незгоден пад.
Имам слични вакви, ама имам проблем кога ги носам. Многу ми прават рани на глуждовите. Што да им ставам од внатре да бидат малце повисоки да не ме жуљаат? Освен влошки..
Можеби би ти помогнале "потпонки" од овој тип: Имаше слични во Peko и во други продавници за обувки...