Знаете ли каде можам да најдам чизми над колена ама онака по широки малце у листовите.Имам плни листов и тешко наоѓам(Имав едни прекрасни, онака стегнати убав дебел цврст материјал и растегливи и убаво ми ја собираа ногата.Ги изнаносев.Ама дека плиш и ги имав облечено 2 3 пати на снег и се расипаа.. ) Потоа купив други ама тие ни 1 месец не ги носев,се развлекоа и се лизгаат паѓат под колената цели собрани...Али самиот материјал беше многу по тенок по кревок од тие.Ако некој знае каде можам да најдам нај благодарна ќе му будам (Не ги сакам оние позади како со ластик шо се,пошо како на хулахопки да сум и уште поширок ми изгледа листот) Вакви беа:
Оксфордки различни имаш во Prestige shoes во Кисела Вода пообичните се по 350 денари, а имаш и покавалитетни македонско производство по 1600 денари.
Дали имате купено кондури (т.е. балетанки) од Parfois? Гледам ич не се скапи, па пред да си купам да прашам дали се квалитетни, дали сте задоволни?
Јас имам од нивните, два пара ги носам втора година и сега купив пак. Меки се внатре и не се изобличуваат.
Тука ќе прашам ако не е за тука прашањето модераторите нека го преместат. Кои сандали се поубави со потенка или подебела штикла? Знам прашање на вкус е ама ме интересираат мислења.
Според мое мислење тенката штикла делува поелегантно и може да се комбинира со некои елегантни вечерни комбинации и фустани. Додека пак дебелата штикла повеќе ми личи за некои дневни и поедноставни фустанчиња или панталони/фармерки. Сепак личен вкус е во прашање. Јас би ги одбрала со подебелата затоа што повеќе го негувам поедноставниот стил на облекување и некако ми делуваат по стабилни за одење
@poker_face @ванилала @Anajirile фала ви женски на мислењата Си ги купив со подебелата штикла, многу поубаво стоеа на нога и беа постабилни.