Јас си купив рамни црни за секој ден многу фраерски а ги платив 1000 денари ...за квалитет ми се чинат како солидни
Има ли некој сретнано вакви папучи некаде во скоро време? Барав низ нет неможам да најдам(многу ми требаааааат)
Вакви слични имаше во Котон и во продавницата до LC Waikiki што е во Капитол, не ми текнува моментално на името.
Зависи од моделот и километражата Јас балетанки имам ова ќе им биде трето лето Ги имам ставено во Слики од вашите омилени чевли
Си купив чевли отворени со еден ремен напред само, и цело време ми се лизгаат надолу нозете. Дали силиконски влошки би ми помогнале? И каде да ги ставам, под стапалото или на долната половина кај прстите?
За таков случај, јас користев од dm ги земав силиконски влошки нели од овие новиве како кургчиња и во едно пакување се 6 негде ќе си ги поделиш 3 со 3 и ќе ставиш 1 на средина 1 на крај и 1 на почеток исто и на другата нога и без грижи плус удобни се ги платив околу 100 денари.