Дечки, каков е квалитетот на чевлите од "Super Made" продавницата што се наоѓа на рампа? Дали може да се спореди со "Adeso Trend"?
Од каде купувате чевли што се удобни? Цел живот си го поминувам во патики, имам само 2 пара балетанки и едни оксфордки кои не ми се ни малку удобни за одење. Може да се каже дека ги носам само за „мода“ дури гледам после некое време, од што ми е неудобно го менувам начинот на газење за да не ме боли ногата. Ме интересира повеќе за оксфордки (може и чизми), ама и ми е страв да не лупнам пари па после да ми се искинат за една сезона, значи да бидат квалитетни и удобни а со тоа и да не изгледаат како за баба ми.
Саат време ги барав..душата ми искочи. Не знам колку shoe collections изгледав за да дојдам до името на марката..