Дали има некоја нарачано чевли од trends.mk? Имаат интересни модели за пристапни цени. Конкретно ме интересира што ако не ми е погоден моделот (не бројот)?
Слични вакви во Аванти гледав и во другиве продавници за чевли што се на Битпазар. Ако прашуваш за Скопје.
Јас денес порачав од кај нив. Се мислев затоа што прочитав и позитивни и негативни коментари за нив, па сепак решив да ризикувам. Деновиве ќе ти кажам какво искуство сум имала.
Јас обожавам во последно време чизми. Штикли не носам често, освен за некоја посвечена работа. Патики, патики.
Здраво девојки. Вчера бев во Битола и сум изненадена колку убави парчиња на облека и обувкии имаше а јас како намерно не земав пари за шопинг и си направив самоубиство . Најмногу на свет ми се допаднаа Тимберленд чизмите стандарт боја - прва рака копија одлична. Но проблемот е тоа што не видов како се викаше продавницата .. беше нешто на А и со кратко име ама од возбуда и тага што не земав пари не го запомнив името Дали некој знае за која продавница станува збор? Имаше и кожни јакни со природно крзно .. Да ги најдам на фб со прашање дали може по карго да ми ги пратат. Фала на сите одговори однапред. Убав ден на ситеее
Да си се пофалам што ми се падна во пакетчето! Прекрасни се, ги меркав подолго време, и конечно.. Спијат на нога, штикличката е идеална висина, воопшто не ја заморуваат ногата. Идеални ми се! Nine West се закон за удобна чевла.
Високи се околу 3 - 3,5 см. Цената 4.300 денари со 20% попуст. Може сега ќе пуштат и поголем попуст, ама ми беше страв да чекам да не ми го продадат бројчето.
јас си побарав 40, ама имаа 39,5. Точни ми беа, и нив ги зедов. Претпоставувам дека имаат барем 40,5. Ако не ти се брза, утре ќе одам накај мол па ќе прашам, и ќе ти кажам.