Јас добив на подарок еден пар од мајка ми и татко ми пред 8 години. Значи ептен ми беа по ќеф ама прво облекување и можам да кажам најнеудобно нешто што сум облекла во животов. Најубаво да си пробаш и да си видиш како ќе ти бидат. Секој за себе најдобро си знае.
Јас имам неколку пара од нив и морам да кажам ем ефтини ем згодни за на нога. Маста им ја извадов. Нема да згрешиш.
Јас па еднаш купив од Аванти и никогаш повеќе, ќе се убиев од лошиот пад. Едната штикла беше добра, другата не, 10-11цм. Итно ми требаа црвени штикли и не им обрнав многу внимание кога пробував (пошто беа ефтини) ама после тоа ги фрлив, зошто нозе и глуждови ќе искршев на нив.
Баш тоа го мислев, дека на сликиве сега од новата колекција штиклата личи многу тенка а висока. Пробував летоска штикли и тоа со малце поширока штикла од тие и губев баланс врз огледалото ќе паднев. Фала ти, сепак ќе морам прво да пробам па може ќе ми се погоди
Се согласувам. 90% од штиклите им се со лош пат. Поубави муслам дека можеш да си најдеш во првата продавничка после аванти(зборам за во чаршија) неколу продавнички ги делат измеѓу. Исто и во продавничките после зегин на битпазар а цените се исти сегде.
А, овие Molini shoes. Чевлата што ја добиваш е иста како од сликите? Ако не ми се погоди можам да ги вратам/сменам?
Како се цените во Marwell? Никогаш не сум влегла во продавницата, за волја на вистината, не ни знаев дека постои до утрово На инстаграм видов едни патики што ми се допаднаа, па да знам дали воопшто да одам да ги пробувам
Јас еднаш купив едни балетанки и една недела ги носев, веднаш се распаднаа. После тоа си ветив дека нема ништо од нив да купам веќе, па купив зимава едни чизмички од друга продавница, без да видам дека се на аванти. Здрави се уште ама не се удобни воопшто. Не ми е тешко да ги носам ама се познава дека нема никаков природно држење стапалото во нив. Груб им е материјалот, како во пластична кутија да си ги ставил нозете и како врз пластика да газиш. По некоја случајност и кокалче почна да ми се појавува пред 3-4 недели (а не дека нешто посебно сум ги убила од носење) дефинитивно од нив веќе ништо никогаш.
Од Страдивариус имам неколку пара кондури и многу сум задоволна од квалитетот. Едните чизми ги носам веќе 5-та зима, другите 3-та и уште се во одлична состојба. Лани купив два пара сандали кои ги утепав од носење цело лето, многу се комотни и не попуштија воопшто. Не бев задоволна само од едни балетанки, но моја грешка беше што ги купив иако ми беа малку кнап.
Имам црвени салонки, не ми се многу носени, ама комотни се ептен. Не знам колку се салонките што си ги гледала ти, ама моиве за 1400 ден. супер се покажаа
Овој модел го гледав есента во Гардемода, ГТЦ, но не ми одговараше зашто е широк кај глуждовите, барем за мене. Цената беше 1.300 ден. Веројатно и оваа сезона е истата.
Продавам штикли на Coco&Perla облечени се само еднаш викендот на свадба и носени 2 часа. Кремови се со штикла 10 цм. Немаат ни точка оштета. Ги продавам од причина што мене ми се многу високи. Ги купив 1690 ги продавам за 1000. Кој е заинтресиран нека ми пише во ЛП за слики. Доколку не сум во соодветна тема избришете. позз
http://www.walkmaxx.com.mk/walkmaxx-comfort-starki3?sc_content=14398_1 ги има користено некој? да каже искуство.