Ако ги купуваш во сезона скапи се. А имаат и попусти и до 50% и повеќе. Јас лани си купив балетанки кожни со врвки за 1600 денари. Инаку сите производи им се кожни.
Не знаев за каде е прашањето па ајде тука, се извинувам ако е на погрешно место. Дали некоја знае до колку работат дуќаните за чевли на рампа? (Џани Џани, Xcess shoes и останатите)
Знае ли некој како се движат цените на салонките и сандалите на штикла од биана? И ако некој веќе поседува дали се удобни ?
Провери во Пеко.Порано имаа обувки со пола број. Не знам дали се уште е така зашто работат со различни брендови.
Чевли на пола број има Nine West. Патики полесно ќе најдеш на пола број nike, adidas и други брендови.
Јас морам да ги пофалам TendenZ како предобри за чевли. До зимата ги купував од Бугарија и имаат прифатливи цени. А сега ги има и во Струмица и се "утепав" од нарачки по карго. Значи нема утка и во број и во модел и во квалитет. Мислам дека веќе друга чевла нема шанси да купам. Пријатно сум изненадена. Биана и тие такви сп надуени цени не можат ни на мал прст да им се фатат.
Каде можам да најдам Vans или на интернет или во продавница, ако може на попуст, но оригинал да бидат. Другарка ми си порача од Sport Illusion на 30% намаление наместо за 2300 ден. за 1500 ден. Многу ми е сомнително бидејќи на сајтови како Arthur's тие се околу 4500 ден. а овде ги нудат за таква ниска цена.