Женски, каде би можела да најдам удобни и квалитетни балетанки или ниски чевли? Не ми е битна цената, сакам да можам да издржам на нив 8 саати без да ми излезат плускавци.
Да не знаете каде можам да најдам вакви или слични чизми? Овие се од ланската колекција во Зара, а оваа година што ги донеле ич не се убави
Досега најудобни ми се на Бјана, и ретко правам исклучок ептен ако бендисам нешто ама да не морам да го носам често, не сакам ногата да ми трпи а посебно 'рбетот. Пред неколку години постојано бев на штикла на работа, на факултет, ама сега со мало дете на рамно или пониска штикла. На Бјана дури и повисоката штикла ми е супер и ги носам со мерак. Дури ни овие на Белмондо не би ги купила пак, крути, некако не толку удобни. На Пеко не сум пробала, само на син ми имам земано Пеко чизми ама и тие се квалитетни.
Чизмиве од Глечер што ги има во Лоли - квалитетни се или за џабе се скапи? Има земено некој од нив? Треба да си купувам чизми па ако имате некоја препорака би било супер
Глечер се топ фирма..Имам три пара чизми и сеуште се како нови .. носам и на Биана ама Глечерот имаат поубава кожа...само види калапот како ќе ти одговара. Вредат за парите..