Како се носат еспадриливе? Со чорапи без чорапи доколенки? Претходно кога ги носев ги носев на босо и ми се направија плускавци на петите како да ги носам да не ми се прават плускавци?
Затворени кондури обавезно носам со холахопки, доколенки, некогаш само до глужд, во зависност од должината на панталони, фустан, сукња...
Сум имала повеќе пара, и чизми и чевли... Задоволна најмногу (освдн од едни чевли, со како трапезна штикла, крајно неудобни за носење, нестабилни, цело време ми се превиткуваше ногата, уште ми се дома како нови се, ми е жал што ми се неизносени, а и не се воопшто евтини)...
Здраво,дали би знаел некој да ми каже како да вратам црвена боја на чизми тимберленд,како превртена кожа што се? Имало спреј некој,ставив еднаш како проѕирен е и моментално ќе ја освежи бојата и после пак се враќа избледено
Ако претходно ги имаш чистено со друго тешко дека бојата ќе им ја вратиш, јас едни така упропастив ги чистев со мокра крпа и после никако не се вратија како првичната боја. Таков материјал најубаво се чистат со сува чиста крпа. Јас лани од Биана земав таков материјал еве и оваа година се како нови ама само со сува крпа ги поминувам, ни вода ни спреј ништо не користам.
Ох да..изгледа јас зезнав работа,со мокра крпа ги чистев,а понекогаш и со влажни марамчиња. Ќе си пукнам сега.. фала ти
Немој никогаш веќе со влажни марамици, тие најмногу оштетуваат, само сува крпа е спас, продавачката кога ги купив веднаш ми кажа, инаку ќе си дорасипев уште некој пар. Со сува крпа кога се чистат бојата и кожата остануваат исти, а доколку со спреј ги чистеш бојата не ја уништува ама стануваат мазни, не знам како да ти објаснам, превртената кожа станува без оние минијатурни влакненца и на тој начин и како да се менува самата кожа. Јас баш сум мераклика на превртена кожа и ја сакам баш таква како што го купувам моделот.
Јас нарачав лани, немаат некој "изузетен" квалитет. Би ви напоменала само да барате да ви сликаат, зашто некои работи од кои што сум барала слика не се исти како фотографијата тие што ја ставиле. Побарав да ги видам пред да платам, дозволија.
Често забележувам дека чевлите (особено салонките) ми стануваат широки во текот на денот, толку многу што буквално стапалото ми излегува од нив и не можам да одам нормално. Значи, мојот број наутро ми е таман, а до пладне веќе ми е преголем Има ли некој вакво искуство и решение за проблемов?
И јас истиот проблем го имам само кај мене откако еднаш ми се рашират,тоа е тоа. Почнав да купувам салонки еден број помали,првото носење ќе ме стегаат ама откако ќе се рашират доаѓаат таман.
Барав форум во врака со ова но не најдов .Каде можам да најдам добар чевлар во Скопје? Само да не е Аеродром. Фала ви.
Дали имате искуство со Аванти и Tnj FashionGroup? Кои се подобри? Гледам дека моделите што ги има во Авамнти ги има и во Молини, а во Аванти се поскапи.