јас имама искуство со TNJ, и можам да ти кажам дека чизмите се топ, ми стигнаа за 7 дена, во глобала задоволна сум!
Здраво девојки, наскоро почнувам да работам работа во која морам да бидам на штикли стоејки 8 часа секој ден. Некако издржувам со штикли но ова ми личи премногу. Па, дали има некој начин да не болат толку стапалата. Имам видено нешто со лепење на предпоследните прсти за помала болка но не сум пробала. Советиии??
Се имам пробано и пак ме болат. Земи си некои поудобни, да не те стегаат и калапот да ти е погоден. Да не се превисоки. Може и за пола број поголеми затоа што во текот на денот ќе ти отечат стапалата и тоа ќе ти прави дополнителни болки. Имам колешки што секој ден носат штикли на работа и велат дека не ги полат стапалата, најверојатно по одреден период се навикнуваш
Носи поширока штикла и пониска. И ме заинтересира што ќе работиш па да мораш да бидеш во штикли секој ден?
Може да е секретарка, во казино, во фирма. Се приклучив на овој разговор затоа што имам колешки што работат една во казино, др.во фирма и на двете им е наложено да носат потпетици.
Навика е. Јас скоро секој ден носам штикли, но не се сложувам работодавецот да им наложува на вработените да мора да носат штикли! Тоа е перфидна дискриминиација! Зошто да МОРА да носиш штикли и тоа 8 часа секој ден, стоејќи! Срамота! Баш жално... Чист сескизам!
Земи си во biana или peko поквалитетни им се. Пониска штикла со добар пад. Исто така поудобни и постабилни ми се на дебела (четвртаста) штикла.
Да, јас сум презадоволна, чизми имам шеста година не мрднати, ниту да пропуштат ништо, постојано кондури и чизми купувам на Биана
Па и не ми се нешто кузнае колку. Во биана имаш модели на тамарис, поскапи ама за квалитет немам коментар,екстра.
Како сте задоволни од чизмите на Posh? Ми се допаѓаат неколку модели ама ми е страв да не бидам како мачорот во чизми некако широки се нагоре