Вие што носите Ипанема како сте задоволни? Ви се одлепуваат ли прерамките,долго ли ги носите,удобни ли се?
Супер се обувките имам искуство и со летни и со пролетни и со ниски чизмички. Мене на ногата ми се удобни. И бројот ми се погодил до сега со се што сум нарачала од таму. А и не се скапи воопшто. Вредат за секој денар, едни имам ги носам години може ништо не им се одлепило нити оштетило. За удбоност меки се ама не се ортопедски тоа да имаш на ум.
Долго, предолго ги носам повеќе од 5 години... Не се одлепуваат,ниту ми се обелени ама баш ништо преквалитетни се, нема да згрешиш ако ги купиш
Каде да најдам ниски сандали, поелегантни, но да не се прениски како на земја да одиш, еве слични може како на сликава, но и други модели може, до кај 1200 би дала.
Zdravo feminki aj za pomos ve molam. Za dve nedeli mi e svadbata ama nikako da najdam ubavi i udobni cevli za so vencanicata. Aj predlozete mi nesto ne e bitno cenata no samoo da mozam da sedam cela nok so niv. Fala odnapred
Имам порачувано од Молини и Белмондо. Работат на ист принцип, нарачуваш преку фејсбук, ти бараат податоци и плаќаш при достава. Доставата им е околу 130 денари. Имам правено неколку порачки од двете страни, во принцип се услужливи. Не знам дали враќаат ако има проблем со бројче, не сум имала таква ситуација. Обично си барам да ми кажат колку сантиметри е бројот, ради калапите.
Искуство со AVANTI SHOES? Видов едни интересни сандалки, а и ефтини се. Ме интересира дали имате порачувано или лично купено од нивните продавници обувки. Каков им е квалитетот на обувките, услугата итн.