Дали некоја има нарачувано чевли од Schuster? Изгледаат квалитетно и имаат интересни модели, но би сакала да слушнам нечие искуство пред да нарачам.
Jas imam patiki od modelite na Civik i sum prezadovolna so ogled na toa deka patikite se visoki a jas pesacam mnogu ... I interesno kaj niv e sto modelot ne se povtoruva, neznam kolku toa bi ti znacelo, no sepak da znaes
Јас имам од ниските чевли и сум задоволна. Само да знаеш малку им се покомотни моделите.95% носам 39, за овие во дуќанот ме посоветуваа да земам 38 и навистина одлично ми легнаа
Абе девојки со што го чистите делот на кој што газиме на сандалите или балетанките? со тек на време се валка и не е повеќе светол станува кафеав и црн
I mene me interesira bidejki nema sandali na koi sto ne se znae crno. Ama ne sum nasla nacin za da go iscistam
Dali nekoj ima kupuvano od Curious,i posto nikade ne najdov ceni,kako se dvizat(konkretno prasuvam za patiki).I kade tocno se naogja prodavnicata?
Ако мислиш на оние curiousmacedonia, нанпартизанска се некаде, на фб има адреса. Инаку околу 2500 денари се бар тие што јас прашував. Инаку можеш да бираш модел и дезен и да ти ги направат по нарачка. Јас исто се спремам да одберам некои, ама не можам да се одлучам.
Мене ми пишаа дека се онлине продавница само, стварно ги има на партизанска? Инаку, кога прашав цена за едни оксфордки ми рекоа 7.500 ....инаку, има да по своја желба, само уште да имаше можност да се видат во живо.
Моја грешка . Цената за тие што јас сум прашувала била 4500, ова некаде после н.г. Тогаш и на инста и на фб им стоеше адресата па изгледа затоа сум си врзала дека имаат дуќан, иако и муабетот беше во таа насока дека имаат и на располагање готови модели. Ама баш сега го гледав муабетот со нив во ниеден момент не сме искомуницирале дали имаат физичка локација. Воопшто не можам да се сетам дали тогаш и телефонски комуницирав, што толку ми се врзало дека имаат дуќан, зошто знам бев спремна да одам да пробувам заради број, ама одложив од други причини. Како и да е штета ако немаат каде да се проба. Не се баш ефтинки (иако стварно се уникатни), за да погреши човек број.
Да се надоврзам за чевлите од curious. И јас прашував за пробување, ми рекоа дека нема да се проба, но бројките им биле стандардни. Инаку праќаат и "прирачник" како да си го измериш стапалото и врз основа на тоа дефинираат кој број носиш според нивен калап. Јас прашував цена за едни патичиња, беа 5500, после видов какви штосни оксфордки на штикла имаат Случајно некој да не знае колку им се тие модели? Јас не носам таков тип кондури, ама ради дезените би купила .
Ако се оксфордки треба да се 6 илјади. Инаку цените им се од пет до седум илјади, имаше ми се чини еден краток период готови модели можеби малку поефтини, ама цените се тие. Високите модели на чизми кои ги немаше порано можеби се поскапи. Пред повеќе години 2016-2017 имаше опција да се проба, беа во некое атеље кај Броз кафе, сега можеби нема таква опција. Штета.