Дали имате некоја вакви чизми да ми кажете дали се премногу тешки и од каде ги купивте. Овој модел го има и во Perla, Odisea shoes, gizzia па не знам од каде е најдобро да порачам. Ве молам за ваше искуство, фала.
Како сте задоволни со чевлите од Зара, Манго, Бершка, Страдивариус и слично, цените им се прилично високи особено на чизмите?
Од сите наведени имам купувано и супер се покажале. Порано повеќе од Страдивариус купував и буквално со години ги носам немало некое оштетување. Последниве години стриктно од Манго и Зара, исто презадоволна од квалитетот не сум имала проблем да ми се оштетат после неколку носења или неколку месеци како што било случај со чевли од други рандом продавници низ градов.
Ako sakash kvalitet samo Peko i modelite sto gi ima tamu i Turskiot Brend Greyder za cizmi , konduri , patiki
Јас само во nine west сум нашла меѓу број. Ама ако ти е за чизми можеш да го решиш проблемот со влошка ако ставиш внатре. Па дури и за чевли. Јас имам проблем едната ми е малку поголема од другата. Во помалата ставам онакво силиконско само на предниот дел што се вметнува.
Дали броевите на чизмите во Страдивариус се true to size? Сакам да нарачам но се мислам дали 37 или 38. Зависи од калапот, но сите чевли генерално ми се 37 или 38.
Салонки носам 37 и секогаш зимам true to size, чизми секогаш 1 број поголеми пошто со дебели чорапи ги носам.
Жени, дајте кажете решение. Сакам шпиц и носам, ама прстиве на крајот на палецот кај шо заврпува ноктот, не да ме болаат.. А баш мислев ноктот ми е проблем и го сечам ко шо треба ама џабе. Решение како да ги раширам штикливе?