15cm се.. мн се високи да, поради тоа и прашав доколку некој ги има каков е одот. Инаку јас па на сите страни каде што прашав беа од 2400 до 2600..
Јас ги имам но во друга боја, за одење не се удобни воопшто до 2-3 часа и веќе нозете ми се енормно отечени и болни па морам да сменам нешто друго и нив да ги соблечам, обично ги заменувам со балетанки...удобна штикла секогаш е ниска штикла по мое колку и да сум одела со високи знам и пак им се враќам на ниските...
И мене не ми се допаѓаат вторите, штом е за матура претпоставувам е свечен фустан, ми личи со некои поелегантни штикли, не со таква дебела штикла, мое мислење
Во право сте , воопшто не размислив , фустанот не е многу свечен , поелегантен модел е . А вакво нешто ?
За матура гледај пред се да ти се удобни колку толку, ќе стоиш долго на нив. Од овие вторава слика најмногу ми се допаѓа, таков модел, само во крем, бела, златна, сребрена или слична на фустанот боја, бидејќи се поминималистички и по матурата ќе можеш лесно да ги комбинираш со други работи.
За baby pink фустан, се прелева бојата има и како сребрени светки, какви штикли ќе одговараат повеќе, сребрени или бели?
Ама и бели нема да е лошо нели ? Бидејќи ташната ми е сребрена светкава , часовникот сребрен , па да не е се монотоно незнам.. Овие бели ги гледав, не е баш тенка штиклата сигурно е многу позгодна за носење..
Зависи каков ти е фустанот, според опишаното розево со сребрено, јас би комбинирала со сребрени чевли, според мене нема да е монотоно, ако сакаш да „разбиеш“ мора тоа да го правиш претпазливо дека лесно може да згрешиш и да изгледа лошо.