Каде данајдам високи чизми до или над колена, но со патент до средината не до крај, бидејќи листовите ми се подебели и не можам да ги закопчам?
Дали сте задоволни од чевлите на Матстар гледам пристојни цени а и детски чизмички имаат на попуст. Споделете искуства...
Јас сум многу задоволна од зимските чизми - во однос на квалитетот и цената. За патики така така, зависи од моделот. Минатата година за син ми купив зимски чизми со крзно од Фло, но пропуштаа.
Дали сте задоволни од чизмите на Marija Shoes? Лани цените им се движеа по околу 2800, а сега гледам 3600 и 4000. Ако се квалитетни оправдана е цената, ама не верувам дека продаваат нешто поразлични чизми од лани? А ланските слики со цени им се тргнати.
Јас имам високи чизми купени од таму во 2019та мислам и сè уште ги носам. Како нови се, а најчесто нив ги носам. До душа, сите чизми ми се од таму, последниот пар чизми лани го купив. Единствено не ми се погодија едни лаковани чизми, ни една сезона не издржаа. Годинава од моделите што ги гледам, скоро па ништо не ми се допаѓа од таму. Гломазните модели со високи ѓонови ич не ги сакам. За слична цена, подобро од Биана или Биана трејд би си зела. Ако и они не се измајмуниле да покачат цени.
Дечки, порачав едни чизми но во листот ми се тесни има ли опција да ги однесам на чевлар нешто да ги отвори да можат да се кренат до колена. Или да не експериментирам.
Кај листот мислам може да се пуштат, ама најубаво чевлар ќе ти каже. Однеси ги, објасни што сакаш и ќе ти каже дали е возможно.
Каде во Скопје можам да најдам црни чизми до под колена но не со превисока штикла? Обично или е многу висока штиклата или се скроз рамни.