Оди да ги пробаш и да ги видиш во живо. Вака не ми изобилуваат со којзнае каков квалитет, на попуст им се прифатливи цени, ама мене 2-3 пара што ми се свиѓале на сајт, во живо врска немаа, а кога ги пробав едни неудобни, за нигде и веќе не им давам шанса, ги одбегнувам. Ако ти се удобни на нога, сега сигурно имаат попуст, земи си ги.
Женски здраво. Ми треба помош. Еднаш се решив да нарачам од интернет и се зезнав. Си нарачав чизми од молини, значи како картон се тенки долу, и толку се неудобни, едвај одам. Целата тежина ми паѓа напред кај перничињата а не се воопшто високи, онака секојдневни. Е сега ставив влошки внатре да ми омекнат барем малце ама тенки се влошките. Каде да најдам некои подебели влошки или други чаре кажувајте Сакам да ги носам на изглед се многу убави..
Пробај со силиконски влошки што се само за долу баш кај пеничињата, ги има и по аптеки и по маркети. Мене на едни тие ми помогнаа
Доколку некоја од вас има сандали на штикла од Nine West, како сте задоволни од удобноста? Ми се допаѓа еден модел а потребен ми е за целодневна свадба, што секако подразбира болка од штикли, ама ме интересира дали се барем малце удобни или од одма почнува болка
Јас имам едни сандали, не се толку лоши, но не се ни многу удобни. Оддамна ги немам носено, не се сеќавам многу искрено.
Јас го купив овој модел, и задоволна сум удобни беа. Нормално после подолг временски период се осеќа нелагодност но издржав во нив.
Класичните салонки мене ми се меѓу поудобните за носење. Плус мислам дека кај нас се единствени со меѓуброј и најсоодветни ми се од таа причина зошто сум измеѓу број.
Девојки сте виделе ли во скоро време вакви чизмички како чорапа што се меки, без разлика дали во продавница или онлине? Многу ми требаат за настан, но секаде каде што прашав се распродадени бидејќи помина сезона веќе, каснам..