Dali nekoja od Vas ima salonki od Primadonna collection ( gi ima vo prodavnicata Mond vo East Gate/Gtc), i kako ste zadovolni od udobnosta?
https://www.bershka.com/mk/fitted-high-heel-ankle-boots-c0p128351227.html?colorId=040 еве во Бершка нешто
Каде можам да најдам ниски салонки бели околу 4-5 cm штикла? се што гледам по страниве е превисоко за мене …
Во Белмондо (ГТЦ) имаат ниски салонки, штиклата им е 4цм. Повеќе видови на штикла имаат и мислам дека може да се договориш да ти направат по нарачка. Ова во случај ако немаат изложено бели модели во моментот. Ама имам гледано така да, би требало да има.
Пријателка пред околу месец купи од Полини во ГТЦ бели салонки, не се високи, отприлика таа висина се според мене, мене kога ги видов од око ми личеа дека максимум 6cm се, но не сум 100% сигурна
Zdravo dali od prodavnicata za cevli vo centar blizu mariot "Metro" imate kupuvano cevli i kakov im e kvalitetot? Pred nekoj den pominav no se dvoumiv dali da zemam
Имам неколку пара чевли, сите различни се покажале. Мислам дека се просек чевлите дека не се нешто посебно квалитетно, така што ако си начекала нешто на попуст да те бендиса можеш да си го купиш
Два пати се имам убаво зезнато со порачки онлајн, на сликите и во живо два различни света. Ај првиот пат не знаев, вториот стварно многу ми беше убав моделот, ама секако дека ми стигна некое лепено кинеско ѓубре. Дали остана салон за кондури во Скопје што не продава синтетика и пластика, каде да побарам салонки ама да се квалитетни?
Двете Биани и овие во истгејт се покажаа како добри (гентли и карневал) и пеко само малку посоленки цените. Кожни има во гтц на втор кат не знам како се вика продавницата
Ми треба предлог за чевли за пролетен период за поделовни комбинации со пантолони. Ниска сум па освен салонки во сè изгледам како мачорот во чизми, како пресечена. А салонките не ми се за секој ден, ми го ограничуваат трчањето наваму-натаму. Не сакам ни скроз ниски чевли. Заклучок е дека не знам шо сакам
Мислам дека со вакви тенка е границата меѓу убо и баба ми спремна за на доктор. Ама ќе ви вервам ако речите дека е изгледат убо.
Не се твој стил и да ко за бабички се не верувај на секого Иначе гледам периодов овој тип на чевли се доста популарни и модерни
Овие се апла за бабички, ама штом се модерни може Нејќе ни скроз ниски ни високи, овие ми се мене скроз ниски. И такви имам, јер баба Зафрканција на страна, исто сум во потрага по удобна салонка, ама ко не си ги купив на време, сега нема број и ќе свирам. Чевли без пробување веќе не купувам, сто од интернет имам вратено, доста беше. Животот е премногу краток да го поминам во измачувачки чевли.
А што потреба има да нарачуваш онлајн, појди директно и пробај си како ти стојат на нога, со Биана нема утка посоленки се ама вредат. Еднаш само пред некој месец нарачав онлајн и никогаш повеќе
@Ugly Duckling Мој предлог: Носи си балетанки (рамни чевли), а направи си промени во деловните комбинации. Пример, носи cropped панталони и нема да изгледаш како пресечена. И обавезно истакни си ја половината т.е кошулата/блузата да ти е вметната во долниот дел. Потоа избери си некои помодерни рамни чевли (може и по шпиц напред), исто гледај да се во неутрална нежна боја, не темна. Додади си убав накит and you are good to go.