Ваков тип, лесно се комбинираат и тренди се, добри се и за деловни комбинации, плус не даваат вајб на пензионерка. Тие погоре не ми се допаѓаат воопшто, не се за тебе. Јас вакви обожавам, кога пешачам и сакам да сум со штикли, а сепак да можам да одам со часови или да стојам подолго, овие ми се одлични за комбинации. Сега за периодов се таман. На долги панталони каде нема да се гледа ремчето и фустани, сукњи би ти стоеле супер, нема да личи пресечено, плус таков тип на должина на облека додава и на висина визуелно. На онлајн страниве по фб што продаваат чевли сум ги наоѓала стално.
Е ајде, шо потреба- ги затворија продавниците, ништо во мое село нема. Ме настрвивте со муабетот за чевли, сега од Германија ќе барам да ми донесат, ем модели сто, ем цените смешни. Јбт и глобализам и све. Да си купам вакви за баби? Спојлер: Спојлер
@Dream-Girl Дефинитивно да. Имам црвени и ги изумив скроз. Ќе си прикупам уште некоја боја. Прашање само, да не е рано (првиот модел)? @elimkd се враќа модата, одвај чекам и опинците. А тие првите многу ми се убај и би сакала, ама само со фармерки и фустан ми одговараат. Со широки пантолони и вакви чевли, не ко баба ама ко чичко на родителски личам. @Polyincognito убав предлог за целосна комбинација. Cropped тесни пантолонин со некои оксфордки или како овие на Ели би пробала. Од балетанки бегам, не ми стојат, а и боли кичмата и стапалото (ви викам баба), полесно со штикла ќе ми е. Фала за предлозите, супер се.
За такви како црните не е рано, за другите може од средина на април да се носат веќе ако е над 20 степени. Официјално е пролет, не е рано значи.
@Ugly Duckling чевлите што ти ги предложи @Dream-Girl се најубава опција. Можеш и со бели патики некогаш, но рече дека не сакаш на ниско да си...
Покрај тие на Дрим, овој тип види, може и пониски, не изгледаат како за баби. https://www.reserved.com/gr/el/goves-me-khondro-takouni-7426s-80x
Каде да најдам едноставни, модерни балетанки? Секаде гледам преовладуваат loafers, а ако воопшто имаат балетанки, тоа се застарени модели, заоблени и со врвка сакам некои еднобојни со шпиц.
Дали има некој порачувано обувки од leathers brand на Инстаграм? Гледам убави модели има, па дали се квалитетни и која е цената отприлика.