@Emaema Кога излезе Вампанодо моделот, Зара, Страдивариус доста ги копираа, но сега повеќе има копии на сегашните модели. Во случај да не најдеш, јас би ти дала предлог да си купиш свилена трака во таа боја и на класични црни сандали, можеш да врзеш преку ногата панделка како моден детаљ. Или пак и да ја залепиш. Инаку има на Алиекспрес копии https://m.aliexpress.com/item/1005003692448383.html?gatewayAdapt=Pc2Msite Ако ти е повеќе за бојата, полесно ќе најдеш, има повеќе избор, но поразлични модели.
Каде низ Скопје можам да најдам обични сандали на дебела штикла? Дали низ ГТЦ има продавници за чевли? Гледав на повеќе места онлајн ама сите се светкави, сакам скроз најобични...
Дали некој има порачано цевли од Molini na FB и дали бројчето што обично го носи, или треба помало поголемо
Јас имам порачано неколку пара сандали од кај нив, носам 37ца и сите ми биле точни. Молини се доста коректни, можеш и да ги прашаш за димензии, сигурно ќе ти одговорат. Дали некој порачувал/купувал чевли од Marquiz во Центар? Гледам имаат интересни модели, ама многу се скапи, а не сум ги видела во живо. Вредат ли за парите?
Имам купувано и машки и женски чизми за мене и за сопругот, со тоа што машките беа поскапи ама па беа тие кожни. Женските беа еко-кожа. Моите ги носев две зими и добро се покажаа, не се оштетија или сл. а ги носев цело време и по лоши временски услови. Гледав некои балетанки баш пред некој ден кај нив, исто цели беа кожа, многу беа удобни и не беа скапи. Се мислам дали да ги купам...не е мој стил ниска балетанка ама многу беа комфорни и слатки.
Сакам да нарачам балетанки. Ми се видоа многу убави но и скапи. Па ми е страв да не фрлам пари за ѓабе. Сепак фала ти.
@Inna.v Според Гугл, прочитав дека е најдобро со акрилна боја или fabric dye (RIT), бидејќи е повеќе отпорна на вода и исто нема да ги извалка чевлите со боја. Има тука со сликички како да се бојадиса http://wildamor.com/diy-ombre-dyed-shoelaces/#text=1) Fill each cup with,colors blend and mix together. Исто и тука има инфо, ама изгледа е за цели патики. https://novacolorpaint.com/blogs/nova-color/paint-sneakers-with-acrylic-paints
@twilight123 Спојлер: Предлози Најпрактичен стилски совет што би ти дала е да си купиш класични бели сандалки, што ги има во речиси секоја втора продавница и бел тул материјал. Ако сакаш само горе да е тој детаљ, едноставно ќе го преврзеш материјалот околу горното ременче. Или вака, ако ременчето може да се отстранува: https://youtube.com/shorts/iFXOSBK2fd0?feature=share3 А ако сакаш панделка напред, еве како лесно да си ја направиш: Други предлози: Од Инста на се што наидов: Nine West (Овие им се свадбени модели, ама не знам кај нас во продавницата дали се достапни, па може и таму да провериш, доколку ти се допаѓаат https://ninewest.com/collections/sandals/products/kelsie-ankle-wrap-heeled-sandals-in-white-satin https://ninewest.com/collections/sandals/products/marry-bow-heeled-sandals-in-white-satin https://ninewest.com/collections/bridal/products/milano-heeled-sandals-in-ivory-satin Ако се има време за порачување и чекање: Алиекспрес https://m.aliexpress.com/item/10050...vid=202305171101469762723929753160005483837_4 https://m.aliexpress.com/item/10050...lgo_pvid=1b5abcb4-ad37-42d6-b3d6-60aeb30bd9a6 Асос https://www.asos.com/asos-design/as.../prd/203741530?colourWayId=203741536&cid=6458 https://www.asos.com/be-mine-wide-f.../prd/203126357?colourWayId=203126359&cid=6458 Ако наидам и на други, ќе допишам
Дали знаете каде може да најдам лепенки што се ставаат одоздола на ѓонот на чевлите? Купив сандали но ненормално се лизгаат одоздола, ми е страв да не се спружам на свадба таму среде оро