За дождот пред некој ден, да. Инаку не, топло е преку ден. За сабајле ќе пројдат ама на 25 степени во 14ч никако
Извини но сега видов дека си пишала. Имаат продавници во Аеродром( во новите згради спроти ОУ Блаже Конески), во Сингелиќ, Топанско и на друго место но не сум сигурна каде точно. Отвори на нивната страна и ќе добиеш повеќе инфо. Денес и јас ќе носам.
Каде можам да најдам обични црни високи чизми со подебел ѓон ама да има 41, нигде во градов не можам да најдам над 40ка
Катастрофа…. Неколку пара сум купила и сите ми се искинале, одлепиле, гумите пукнале и не само на мене на многумина што ги знам. Подобро на друго место насочи ги парите
Оддамна не сум купила чевли од Биана, како сте задоволни во однос на комфорт? Се што пробувам од чевли ми се незгодни, крути. Сакам ваков модел, па ако сте земале од негде, а да се згодни препорачајте. https://bianashoes.mk/en/product/кондури-63/
Најубавиот пад на штикла е на бијана. Но и се останато им е квалитетно без разлика дали е од кожа или останато. Јас не би се двоумела
Јас отидов пред некое време, ме бендисаа едни салонки и имаше попуст. Вака изгледаат многу квалитетни и кожните им се предобри. Ама ужасни се, полошо нешто не сум пробала, мислам дека битпазар боље ќе најдеш. Ногата ме болеше после тоа од 3ти минути што ми беше во штиклата. Полош пад на штикла нема
Секое искуство е добродојдено бидејќи кој стигне прави чевли. Ако на штикла падот не е добар тури и пепел. Фала во секој случај.