Немам досега купено од таму, а терсене дебело стапало имам. Секогаш кога купувам обувки се плашам да не не ми се удобни и да ги оставам после месец дена носење, ај да се поевтини и да ги фрлам да не ми е гајле, ама за скапи криво ќе ми е.
Ах те разбирам. Ако е така да си провериш на лице место. Ако ти се тесни од старт џабе. А инаку најнвест сеубава марка и квалитетна
Девојки хелп, Ми требаат исти вакви штикли каде да најдам да се со таква тенка штикла од позади ама права?
Девојки, каде може да се најдат чизми до колена? Пожелно со ластик дел да се, за поголеми листови на нозете
Побарај во ексесс во кисела вода. И Јани&Јани (исто има во кисела вода и мислам на Битпазар на главната улица што гледаат продавниците). Не сум сигурна за дали имаат ластици. Ама имаат онаков патент додатен за да го откопчаш и се попушта плус. Не знам дали добро објаснив. Имам големи листови и од таму ме збираат сите чизми плус со фармерки и хулахопки
Ќе ви се вмешам извинете, дали имаат онлајн за нарачка? Немам можност да отидам до Скопје Или такви слични да не сте виделе по странициве, поради листовиве не ми се нарачува туку така, а и не знам точно каква чизма да барам а да знам дека ќе ми е океј во листови
Провери во ексес или јани Јани, во кисела вода продавниците. Ако им останале, пошо летово имаше сигурно. А онлине продавниците имаат вакви доста избор.
zhenskii ne mozam nikade da si najdam stikli br 35 a mi trebaat do zadutre. nekoja da ne znae prodavnici?
Женски, дали знаете оние Nordwox чизмите од Ананас каков квалитет се? И дали големината е соодветна? Не знам дали 41 да нарачам на непробано, или 40 ка
Мартинки не топлат. Вреди од аспект што ќе ги носиш со години, кожни се и квалитетни. Но тешко се разгазувааат, им треба момент.
Па тоа треба да видиш на лице место некои чизми. Можеш во пеко знам дека има поквалитетни. Или некои чизми со крзно внатре
Се мислев за пеко и јас ама да видам моделите какви се... Евентуално се мислев Timberland Ама јас ако не зимам Мартинки ќе зеам нешто како високи патики-кондура зашто реално класична кондура не сум сакал од никогаш