На Биана секаде ли се исти цени? Бендисав по еден модел кондури и чизми кои ќе ме фатат 200 евра, некако многу ми е. Има ли разлика во цени по продавници или секаде се исти.
Носење штикли е навика само и ништо друго. Тоа што не носиш често и сега си облекла и си преседала цел настан (подолг период) е нормално нозете да ти реагираат. Нема чаре освен сега да лечиш рани. Исто нема врска висината на штиклите. Знам жени кои цел чивот се на баш високи и во пониска штикла не знаат да одат. Треба едноставно малку по малку да ги навикнуваш нозете доколку сакаш да носиш и тоа е, нема друго Секаде се истите за жал
Дали на Биана Трејд ќе има попусти за Black Friday. Не се сеќавам како беше минатите години. Бендисав чизми па дали сега да ги купам или за тогаш да останат
https://tendenz.mk/proizvod/zhenski-obuvki/visoki-chizmi/visoki-chizmi-0154528/ Дали некој има нарачувано од тука? Дали се коректни и како е за враќање ако не ти одговара калап. Плус за моделов пишува 8 цм штикли но некако не делува дека е толку висока.....
Немам искуство со онлајн нарачки, купив патики од кај нив кога имаа продавница во Скопје. Калапот е помал и тесен, јас носам 38, патиките ги зедов 39 и пак се тесни. Квалитет ок, ама не се баш удобни. За чизми не знам како би било.
Каде може да најдам чизми на дебела штикла, а нагоре тесни како чорапи? На многу места има такви, ама со тенка штикла.
Моето искуство е од пред некои 5 години (па не знам колку е релевантно сега), нарачав патики и мали ми беа, без проблем ми ги заменија, но од буквално две носења една патика цела се одлепи така да никогаш повеќе од таму не би нарачала.
Рулет е. Имам нешто шо испаднало катастрофа и се скинало и сл за дбе носења, а имам едни чевли што маста им ја извадив три години
Девојки, од каде да нарачам чизми, не сакам спортски од спортските продавници, а сакам да се колку толку удобни. Хелп
Здраво, истото ми се случи и мене пред неколку дена, што се случи со Nickels NOWW, дали ви вратија пари ?
Каде можам да најдам нешто слично во Скопје? Ова е од молини страната, ама сакам да пробам во продавница.