Бендисав чизми на штикла од една косовска страна, велат 100% кожа, 100€, има достава до МК. Истите ги видов на страната на Молини, буквално, а и 90% од моделите им се идентични со тие од косовската страна. Молини крадат слики или имаат добри копии, какво искуство имате со Молини? Цената е смешки, 1499 за чизми на штикла. Да не ми дојде нешто сосема трето на врата.
Јас имам нарачано од таму високи чизми , изгледаат како на сликата и во живо ,но ако го очекуваш истиот квалитет како на сликата, тогаш не е , да знаеш..
Чизми од Молини не верувам да ти издржат долго, особено ако немаш друг пар за да менуваш повремено. Можеби зависи и од моделот како ќе се покаже, моите сите беа обични ниски чизми. Не се кожни, а и немаше некоја многу голема разлика од сликите и моделот во живо. Барем за овие што ги купив тогаш, пред некоја година. Онака ми се, многу повеќе ми се погодија летни обувки земени откај нив. Едни мокасини ко од антилоп, маста им ја извадив. Ги носам можеби четири години. И едни сандалки на плута, не многу високи и тие ми се погодија топ. Од чизмите ретко нешто да ми се погодило за на долг рок.
Не не не ми е ич за подолг рок, као за секој ден или секој втор ден. За искачање, за дотерување ми е, за чат пат
Пофалба за Никелс од мене, имам кожни рамни чизми од кај нив и сум презадоволна. Калапот ми одговара, истата големина што ја носам 99% од времето. За кожни и квалитетни чевли, цената е супер. Туку вакви еспадрили каде има кај нас? Знам дека е уште рано за пролет лето ама пак, до сега веројатно се продавале негде, првпат решив да пробам да носам.
Јас имам вакви еспадрили од смики и мене многу удобни ми се покажаа. Ги земав пред две години, а и лани ги имаа, така да следи верувам пак ќе ги извадат оваа година.
Dobrovecher, nosam golem broj obuvki, 41-42.. I plus imam kokalchinja. Dali znaete nekoe mesto kade mozhe da se izrabotat shtikli po zhelba po merka?
Во Белмондо, Никелс, Бјана и Бјана тренд прашај. Во Белмондо прават модели по нарачка, најверојатно и број исто. Во другите прашај за соодветен модел што имаат дали би ти направиле твој број. Пиши им на официјалната страна не во продавница каде ги има.
Да ми препорачате страна каде би можела да најдам кафеави мокасинки. Се што гледам крем и црно имаат само..