Не знам конкретно за што ти се ама за квалитет удобност и издржливост и цена ги бирам скечерс пред тимберленд, мислам дека се преценети
Сакам да земам за на работа, има денови кај што треба да бидам 8 часа на нозе а со Биана не можам, со Глечер можам ама во градов оваа година не донесоа нивни чевли а тие што ги купив од кај нив ми се на штикла и некогаш ми е проблем (а со бројот и тие ми се чудни некогаш почнуваат од 35 а некогаш ги прават од 36 и не знам кој број да нарачам), сакам и да не ми се лизгаат на снег кога ќе има и мислев од Тимберланд да не се добри за се ова, дополнително имам проблем со стапалото знае да ми отече и затоа мислев тие да не ми се погодат за се
Барам вакви чизми, мислев можам да нарачам од Страдивариус ама изгледа сеуште не може оналјна да се нарачува од таму. Има некаде слични од каде што можам да нарачам?
Мене Тимберланд чизмите ми се многу удобни. Носам број 38 и чизмите ми се 38. Детски броеви имаат до 38 и такви земав поевтини беа. Влечки за лето од Тимберланд не ми се погодија. Исто купив лани чизми водоотпорни Palladium од Office Shoes и тие се супер. Меки и лесни по цело денови на нога во нив бев лани еден период. Од Скечерс до сега ништо ми се нема погодено нит во удобност нит во квалитет.
Јас уште не нарачав, конкретно зошто имаат табела на должина на чизмите што не знам дали за сите чевли им е таа... Дефинитивно ќе одам да ги пробам и купам па ќе ви кажам импресии
Кожни чизми HUSK – број 37 + ГРАТИС сандали Се продаваат женски кожни чизми HUSK (Australia), Made in Spain, кроко-дизајн, штикла 9 см, носени малку и многу добро сочувани. ✔️ Број: 37 ✔️ Материјал: природна кожа ✔️ Боја: црна ГРАТИС: Женски црни сандали – исто број 37 Можно е и ЗАМЕНА за слични високи чизми број 39 (ZARA, Massimo Dutti, Guess) Лично или по карго. Цена: 100 € (можен мал договор)
Од зара чизми, левата ми е потесна од десната. Десната ми е таман. Ќе пуштат малце или да си земам поголеми, ама така десната ќе ми шлапа..