Женски ди некој купувала обувки од Curious? Овие ми се свиѓаат, ама не знам колку се квалитетни и удобни.. https://www.instagram.com/reel/DUVAYx9iGAn
Удобни се, баш се оригинални. Фино изработени. Е имам и од ташните, таа богами не им е на некое ниво, може да помине, ама за цената не вреди.
Денес треба да купиме штикли за невеста (не за мене ) невестата си бира модел јас бирам продавница Препорачајте каде да бараме? Нешто квалитетно,цената не е битна многу
Види во Еми шус, ги има во Ист Г ги има на фб и инста, отвори им ја веб страната може ќе најдеш нешто.
Девојки кога сме кај чевлите сакам да прашам дали имате некоја информација или контакт од каде може да се нарачаат чевли на големо пример Турција...
Биана кондурите не се веќе како што беа. Имам над 10 пара чизми и кондури, штикли, како боса да сум со нив. Лани земав ај велам до мојата нога е може не се погоди, пред некој ден пак земав и овие исто. Ќе им откажам љубов. Само немој и чизмите да ги расипат. А беа преудобни, штета.
Белмондо. Само онлајн мислам дека работат ама супер чевли имаат. Јас имам неколку пара нарачано и се ми е погодено. За поедноставни има и NicklesNoww. И тие се убави (бивша Баргала се мислам).
Јас пред некој ден бев до Скопје баш во Биана и си купив на Tamaris чевли. Bellmondo изгледа само мене страницата не ми ја отвара.
да, катастрофа, порано за на работа стално зимав салонки зашо ми беа удобни и по цел ден во нив, последниве шо ги земав, не можам да ги носам ене ги така стојат необлечени.
Девојки, продавницата Tendenz во Струмица постои ли сеуште, последна објава имаат од 2025, не знам дали може да се нарача online ?