Над 1.000че таму не вреди да се купува ,за една сезона топ модели јас често купувам и највеќе се исплати на попуст само кога има нешто. Ако може да сподели некој искуство со патиките од marquis mk ќе ја означам @Anika55 мислам има порачувано и дали се само онлине продавница? Благодарам однапред на одговорот.
Мене воопшто не ми се удобни. Имав купено сандали и влечки за на плажа, не можам ни два чекора да одам со нив. Куферите и ташните им се многу убави и цените се многу пристапни, ама обувки од таму не би.
Чиста кожа се и удобни се (имам два пара модел Заз), земав додека имаше опција да се проба, број и модел. Од пред некое време мислам дека не носат веќе така, туку ти објаснуваат како да си ја измериш ногата, што за чевли од 6000+ мислам дека не е океј, чизмите со крзненце им се и над 9000 денари. Почнаа да се учат така на невидено и непробано да продаваат, гледам и Белмондо сите продавници ги затвориле. Лично не би купила чевли онлајн никогаш, дури и да е истиот модел кој го имам. Ногата се менува со текот на времето, јас носам половина број поголем од пред неколку години, имам проблеми со палецот така да стварно многу е комплицирано, да нарачаш, да се мериш, да ти изработат и да не ти одговара, па враќање, преправки, поврат на средства, којзнае како е организирано и дал е можно. Штета.
Јас имам нарачано од Obuca штикли до сега (чизма штикла и обични пролетни), ми биле топ. И комотни и убави. Еве две години ги носам. За малото имав гумени чизми нарачано за дожд одлични се. За сандали и патики немам искуство но сега сакам да си нарачам со попустите