Зад Буњаковец (трговскиот) има кондураџија, добар е само заборавив како се викаше работилницата. Пробај таму однеси ги.
Дали некој има купувано чизми на штикла од Зара и какво е искуството? Дали се згодни или се неугодни да поодиш и два чекора со нив. Ги имам намеркано овие за дотерување претежно
Anyone за овие пак да прашам. На Струга дуќан имале Уште нешто дали Dr. Martins стварно вредат за парите? Копии купувам неколку годии по ред демек за поевтино и после една сезона ги фрлам. Јас сум тип што може и сака со години исти чизми да носи па секако ќе ми се исплатат ако траат подолго, но работата е колку подолго би било тоа бидејки се по 12 илјади фала
Јас имам еден пар snake print, најубави, најудобни што ги имам во мојата колекција. Пет години скоро како ги имам и немаат мрднато освен што се познава дека веќе се износени (од многу носење, омилени ми се). Штиклата е дебела и стабилна и за чудо топлат, само не се за на дожд повеќе се за суво време. Јас имам само пофални зборови за обувки од Зара, освен што за летните попусти ми ја откажаа нарачката на едни чизми по кои пекав цела година.