Во бисер видов исти макви пред неколку недели на првиот спрат одма на почетокот е продавницата..незнам поубаво како да ти објаснам. Имаше црни и розеви-ги постирав јас розевите, а за крем не сум баш сигурна дали имаше.. Околу 1600 беа
Чизми или чевли? Чизмиииииии секако!!!!! Ептен многу сакам чизми и само поради тоа не го сакам летото! Рамни, на платформа, потпетици, важно да се чизми. И да се долги...мислам високи...по можност до колена, а бидејки ретко има такви, тогаш го бирам највисокиот модел кој ми се допаѓа. Цената ретко ја гледам (затоа често правам wow фаца ), но најчесто го купувам тоа што ќе ми се допадне. Секако за мене да ми се допадне има голема листа на критериуми: важна е бојата, горниот завршеток имањето/немањето на крзно, висината на штиклата, формата на штиклата, украсите, цирконите............и уште ред други глупости (секако, не сите критериуми секогаш се почитуваат), а цената е на последно место. А сега збор два за чевлите. Бидејки во годината има периоди кога просто не можеш да носиш чизми, тогаш носиш чевли. За чевли лесно се одлучувам, т.е. лесно купувам. Сакам балетанки, потпетици и...толку. Други и немам во колекцијата. И важен фактор за да ми се допаднат е да не се напред отворени. т.е. да не се со два прсти отворени, а останатото затворено. Тие не ги сакам, теткински ми се!