Еве неколку што мене ми се допаѓаат 1. Бели Баш ми се допаѓа оваа боја кога се работи за штикли (народски кажано ) Убави и елегантни за секоја пригода, било да се комбинирани со долг или краток фустан. Нежна боја за нежни девојки. Спојлер 2. Црвени Женственост! Доволно кажано, нели ? Самата боја ќе ги сврти погледите кон вас. Мене лично повеќе ми се допаѓаат на краток фустан, повеќе им се истакнува убавината. Остра боја за ''диви'' девојки. Спојлер 3. Сини Уште ако имате и сини очи - доволно е да очекувате пофални зборови Мене поубаво ми изгледаат со долг, елегантен фустан. Било да се посветла или потемна нијанса. Бојата на небото за девојките со авантуристички дух. Спојлер 4. Виолетови Краток фустан - и многумина ќе ја сонуваат девојката која блескаше на забавата. Заводлива боја за девојки кои целосно се предаваат на забавата. Спојлер 5. Розе Комбинирани со краток фустан - полн погодок. Боја на совршен свет за мамини принцези. Спојлер 6. Сиви Одговараат и на долги и на кратки фустани. Неутрална боја за едноставни девојки. Спојлер 7. Црни Се знае - бојата со која оди се. Можат да комбинираат со разни кроеви и бои. Бојата на ноќта за секоја девојка! Спојлер Па, феминки - бирајте !
Морам некаде да се пожалам, а темава ми се чини како вистинско место за тоа, иако главно се постираат слики. Пред една недела се затрескав на прв поглед во едни чевли. Тоа беше љубов на прв поглед - совршен модел за мене, штикла каква што ми одговара, цена во рамките на дозволеното... совршено! Цела недела буквално ги сонував, за денес кога конечно отидов да ги пробам, да сфатам дека калапот воопшто не ми одговара! Удобен е падот, ама многу се тесни во делот над прстите, а смртно сум исплашена од сраснување на ноктот во месо што еднаш веќе ми се случи. Продавачката ме убедуваше дека ќе ми се пуштат, ама голема сум за такви приказни А ретко кога ми се случува ваква љубов на прв поглед! И уште не можам да престанам да мислам на нив!
Обожувам балетанки. Дома ми се претураат во сите бои и нијанси. Високи потпетици исто така. Иако обожувам околу 12 цм високи, ретко носам толкави, бидејќи сум висока 166 и во споредба со другите во друштво сум како шрткче, плус повеќе сакам кежуал излегувања. Патики имам неколку пара, ниту едни не носам. Зимата ја прекапувам во чизми. Преку лето гладијаторки или балетанки. Ги одбирам по изглед...Цената не ми е важна. Имам и од 400 денари и од над 200 евра. Се додека мене ми се допаѓа си ги носам, друг што сака нека мисли за тие. Не умирам, додека овие не ги носам барем еднаш.
Вакви исти има во Велес во продавница одма до стоковната куќа. Да ви кажам само извинете за офф топик