ве молам да ми кажете како се одржуваат чевли од антилоп обрнене кожа и чевли од плиш црна и сива боја
За чевли од антилоп постојат разни спрејови кои можат да се најдат во поголемиве супермаркети, добри се за избледен антилоп.
нели просто ги сакате чевлите? на овој блог има секојдневни постови за „Лубутан“ чевлите. Разгледајте ги сите содржини, доста интересни работи има. http://mylouboutinworld.onsugar.com/Did ... w-15610066
Само што си купив исти вакви и многу си ги сакам....тоа беше љубов на прв поглед....знам дека малце се претеризам али неможев да им одолеам http://www.google.com/imgres?imgurl...&ndsp=18&ved=1t:429,r:4,s:48&biw=1280&bih=685
девојки, има ли некој совет, како да се научам да носам секојдневно штикли? - Мислам, јас знам да одам, не сум до толку несмасна... ама ич не ми се удобни, и некако, при крајот на денот, букфално ми се плаче од што ме болат стапалата... Сум пробала да ставам влошки... сум пробала, малце пониски, со платформа, без платформа.... Мене, не ми е јасно како успеваат колешките, и скоро сите девојки низ град комотно да се шетаат на високи потпетици... Да нема некое правило, за кое јас не знам...? Или сите се здружиле да ми го огорчат живото мене ... хехе!
Вакви црни си купив за 600 ден од Ил Камино. Имаше уште само едни 35ка ама миш боја. Ако некоја сака, а носи 35че превец ГТЦ. Јас сум пресреќна
Не дека не ги сакам високите штикли или не знам да одам во нив, сепак најудобно се чувствувам во ниски кондурчиња или некоја си минимална штикла. Би била пресреќна ако најдам некои како овие балетанчиња на сликата, посебно ќефот ми го прави анимал принтот (инаку не го обожавам баш, ама за овие правам исклучок, дека преслатки се ) Морам да најдам вакви!
Shelea дефинитивно се од гума и преубави се јас имам вакви и можам да се пофалам дека воопшто не потат, удобни се, не прават никакви проблеми и што е најсимпатично од се,мирисаат на бонбони