Си купив нови балетанчиња со змија принт и малку црно Најпрекрасни се и едвај чекам глупово време да стопли И да не забегувам....PINK SHOES морам да ги имам! Ахххх
Леле Мис како ме погоди со розевиве!!! Значи слабост ми се, и веќе два месеца барам некој розеви убави низ Ск. До сеа сум без некои посебни резултати, многу лош избор на чевли имаме, многу. Ќе те соберам некој ден и идеме да бараме!!
Да не има некој случајно сретнато по нашиве бутици некои вакви класични, барам вакви исти, високи и месо боја. никаде нема... аман веќе. а може исто и овој модел само сребрени или црвени да се...хм? http://cf2.polyvoreimg.com/thing.29148084.l.jpg http://cf2.polyvoreimg.com/thing.27660720.l.jpg
Ако си од Скопје провери во продавницата за чевли до Unique, имам таму гледано вакви. Не можам да се сетам на името, во глава ми е увртено нешто со shoes и art, ама не сум сигурна.
Јас не сум влегла, додуша имам влезено само еднаш и одма излегов затоа што продавачката ми беше антипатично нафурано створење кое ме изгледа од глава до пети. Да не коментирам за арогантните одговори кои ги добив. Како и да е, не знам за други места. Реално гледано кај нас нема избор на чевли...ако имаш како порачај си од странство, или чекај попуст кај овие.