Дали сеуште го има ова, да се носи чеиз кога девојката се мажи? Што се става во чеиз или што сте имале во вашиот чеиз (ако сте носеле)? Мене моите уште од мала кога бев така одвојуваа различни работи и викаа ова за нејзиниот чеиз, сега додуша незнам ни каде се тие работи, ги чуваат они на страна .
да бе видеш мислам дека уште држи ова во источна мк, не во таа форма ама и мајка ми ја имам приметено така да тргнува некои чаршафи што ја знам што на страна. Не се носи така театрално, ама сепак си се носи изгледа
Мама не ми даде класичен чеиз, туку ми спрема за кога ќе се одвојам. Зборам од лажица за патики па до тенџериња, бањарки и слично.
Ако не класичен чеиз (оној од старо време), сигурно дека секоја девојка ќе си однесе ќебе, постелнина, чаршав, комплет за гарнитура и слични работи. И ова е чеиз нели
Јас си имам. Плетени работи, постелнина...а и во текот на времето кога бев повеќе при пари си купував определени работи од домаќинство и покуќнина. Поголемиот дел од работите си ги носев кај дечко ми кога почнавме со заеднички живот. Значи не она класично носење како на времето. Па, и со оглед на нашиве можности, мислам дека е најдбро малку по малку да си купува човек, она најосновното да си го има.